Млади московјанки во „балканска“ носија танцуваат на музиката на Горан Бреговиќ. Извор: Артјом Адаменко.
Петок навечер. Пред еден ноќен клуб е собрана група московјанки во носија која многу личи на српска. Широки фустани, уредно собрана коса, силна шминка и мангупски насмевки. Ова е егзотика дури и за космополитската Москва.
Народната носија е влезница за забавата „Балканизација‘‘. На овој веќе малку заборавен термин московската младина му даде ново значење: весела игра со балканска музика. „Според мене 'балканизација' е нешто меќу српска свадба, ромски погреб и одеска кујна‘‘, вели организаторот Васја Василев, мислејќи на Одеса, украински град на Црното море во кој се преплетуваат источнословенската, еврејската, бугарската и молдавската култура. За многу млади Руси Одеса претставува почеток на Балканот.
Васја приредува слични забави и во Санкт-Петербург, Самара, Минск, Киев и во Рига. Забавите насекаде се одржуваат на сличен начин: гостите на екс испиваат вотка, потоа следува „орото‘‘, најпрво со грчкото сиртаки, па потоа со еврејските виолинисти, а кулминација на вечерта секогаш е „Калашников‘‘. Овие „балканофили‘‘ се луди по Кустурица и по Бреговиќ, кои во Русија доаѓаат неколкупати годишно, и секогаш поминуваат сѐ подобро и подобро. На 23 февруари Кустурица настапуваше во концертната сала „Чајковски‘‘ заедно со славниот воен хор „Александров‘‘, а Бреговиќ ќе биде главен гостин на фестивалот на етномузика „Дикаја мјата‘‘ („Диво нане‘‘) во јуни.
Оттука не е ни чудно што руската публика токму кон нивниот начин ја замислуваат српската музика и што сиве овие млади обожаватели на Бреговиќ и Кустурица мечтаат да го посетат Кустендорф во Грција. Овие два специфични фестивали за нив се всушност Србија: земја на неуморните трубачи.
За младите Срби кои живеат и студираат во Москва, српската музика е сепак нешто сосема поинакво: диско-хитови, бесмртни рок-балади и народни песни. Проектот „Српска журка‘‘ настана сосема случајно, кога група српски студенти одлучи да ја пречека Новата година по стариот календар. Оттогаш, веќе неколку години двапати месечно во московските клубови на „Српска журка‘‘ доаѓаат млади, и тоа не само Срби. „На почетокот немавме намера да правиме голема забава‘‘, вели организаторот Огњен Шиљак. „Но, кога ги пребројав гостите, видов дека има над 300 души, вклучувајќи и многу Руси! Бев премногу среќен. Исклучително ми е драго што гледам руски девојки и момчиња кои на нашиот јазик ги пеат заедно со нас нашите омилени песни. Вакво нешто, најверојатно, не би можеле да се случи на ниту едно место во светот, освен во Русија.‘‘
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче