Западот не треба да се плаши

Автор на карикатурата: Нијаз Карим.

Автор на карикатурата: Нијаз Карим.

Каква ќе биде надворешната политика на Русија за време на третото претседателствување на Владимир Путин? Поголемиот дел од западните медиуми се согласуваат во ставот дека односите помеѓу Русија и Европа ќе се влошат.

Дискусијата на оваа тема започна во руските и во странските медиуми и политички кругови многу пред изборите. Од некаква си причина преовладуваше мислењето дека односите помеѓу Русија и западниот свет со „новиот Путин‘‘ ќе се влошат. Овој став го застапува, на пример, британскиот „Гардијан‘‘: „На меѓународната сцена Русија ќе продолжи да игра негативна улога, спојувајќи ја заштитата на сопствените стратешки интереси со обидите да ги испровоцира Американците‘‘. Овие предвидувања на авторот на статијата, Лук Хардинг, се засновуваат на тезата за „брежњевскиот карактер‘‘ на новиот путиновски политички стил.

Интересно е што Сергеј Удаљцов. Лидер на левиот (комунистички) дел на руската опозиција, во времето кога западните новинари го нарекоа „заробеник на совеста‘‘, зашто заради хулиганство помина петнаесет дена в затвор, го застапува токму спротивното гледиште: „Путин, за разлика од сите руски политичари, е најнаклонет кон Западот‘‘, изјави тој во интервју за „Литературнаја Росија‘‘. „Тој ги затвори советските воени бази на Куба и во Виетнам, дозволи НАТО да се шири на територијата на поранешниот Советски Сојуз (односно во балтичките републики), ги чува руските буџетски пари во американски хартии од вредност.‘‘

На големо разочарување на руските националисти, фактите велат дека Удаљцов има право. Меѓу путиновите чекори кои се пријателски настроени кон Запад, можеме да ги вброиме и согласноста за поставување американска база во централна Азија во 2001 и соработката со западните земји во борбата против талибанците во Авганистан: имено, за време на војната во 2001 најголемиот дел од талибанските единици не ги уништи американската војска, туку авганистанската Северна алијанса, вооружена со руско оружје.

Како тогаш може да постои уверувањето дека путиновата надворешна политика е насочена кон Запад?  „Изгледа дека во овој случај имаме ситуација во која медиумите го поддржуваат митот што самите тие го создадоа‘‘, смета Станислав Белковски, познат руски публицист и политиколог, кој го критикува Путин од позиција што тој ја нарекува национално-демократска. „Путин не е никаков националист. Под негово водство Русија конечно од светска империја се претвори во мирна држава која има само регионални политички амбиции, и тоа не многу крупни. Но, бидејќи западните медиуми толку години ја повторуваат својата измислена приказна, кај луѓето потсвесно се разви убедување дека Путин е агресивен.‘‘

 

Автор на карикатурата: Нијаз Карим.

Интересно е што сегашниот руски премиер, а до неодамна претседател, Дмитриј Медведев, за разлика од Путин, не може да се пофали со толкав број надворешнополитички одлуки на кои се пријателски насочени кон Западот. Главно достигнување на Медведев беше „ресетирањето‘‘ на односите со САД, што доведе со склучување нов договор за разбирање за намалување на вооружувањето. Ова „ресетирање‘‘ односно симболичен нов почеток на изградбата на односите со Русија, беше овозможено и од страна на претседателот Барак Обама, кој барем привремено направи отстапка од традиционалното гледање на Русија како на закана. Покрај ова, Медведев како претседател на Русија го пушти во употреба и новиот рударски систем во Калининград, руска територија на Балтичкото море, опкружена со членови на Европската Унија во НАТО, како прв одговор на истрајноста на САД и на НАТО да изградат противракетен штит во Полска во близина на границата со Русија.

Но, иако во тоа време не беше претседател (а, надворешната политика на Русија ја определува претседателот), Путин успеа да спроведе неколку важни надворешнополитички иницијативи. Една од нив е подобрување на односите со Полска во 2010 по заедничката посета на рускиот и на полскиот премиер на меморијалниот центар посветен на полските воени заробеници, кои по наредба на Сталин биле стрелани во Катинската шума.

„Длабоко сум убеден дека забележливото подобрување на полско-руските односи е проект лично на Путин‘‘, смета московскиот дописник на највлијателниот полски весник „Газета виборжа‘‘, Вацлав Раѕивинович. „Кога набргу по средбата на Путин со полскиот премиер Доналд Туск, се случи несреќата со авионот на полскиот претседател Лех Качињски, Путин лично се погрижи да ги неутрализира последиците од оваа трагедија.‘‘

Гледано во целост, тоа е вистински путински маневар: да му се помогне на партнерот со кој не сте во најдобри односи во критичен момент и на тој начин да ги подобрите односите. Во случајот со Полска тоа беше падот на претседателскиот авион. Во случајот со Јапонија тоа беше хаваријата во нуклеарната електрана во Фукушима: веднаш по несреќата, Путин предложи Русија со својот гас да ја надополни енергијата на Јапонија.

Што можат да наведат против ваквите факти критичарите на Путин? Обично само се повикуваат на минатото на Путин во Ка-Ге-Бе и аналогии со Брежњев или со Сталин. Токму ова го пишува Лук Хардинг за неодамнешните избори во Русија: како за „брежњевски момент‘‘ на Путин. Меѓутоа, еве едно прашање за историчарите и за постарите луѓе: можете ли да се сетите на барем едни избори на кои Сталин или Брежњев изгубиле? Не. А, знаете ли зошто? Затоа што немало избори. Нема процедури во која тие би ја претставувале својата кандидатура пред народот. Народот немал можност да ги оцени Сталин или Брежњев: наместо нив, под присмотра на чекистите тоа го правела сивата маса на надмени партиски чиновници, кревајќи рака во некоја сала. Затоа ниту на Брежњев, ниту на Сталин не им биле потребни „путиновите‘‘ предизборни кампањи, кои толку многу го иритираат западниот печат. Што да се прави, кога не многу паметните шоу-програми се составен дел на денешната демократија во сите земји, не само во Русија. Во времето на Брежњев во Советскиот Сојуз официјалната пропаганда им се потсмеваше на американските избори заради нивниот „примитивизам‘‘. Истовремено, многу обични граѓани кришум му завидуваа на тој примитивизам.

Путин не е никаков Сталин, ниту Брежњев. Ваквите аналогии не одат во прилог на професионализмот на авторите на ваквите тврдења, кои како и порано, се неспособни да гледаат Русија без призма на шпионска пропаганда. Новата „путинска Русија‘‘ нема да бара конфликт со Западот. Новата „путинска Русија‘‘ едноставно сака да стане нормална здодевна држава без радикална опозиција, без „револуционерни алтернативи‘‘, држава која има нормални односи со своите соседи, од Европската Унија и САД, преку арапскиот свет, сѐдоКинаиЈапонија. ОдноситесоЗападотќесевлошуваатсамовослучајакоЗападотѝнаметнуванаРусијатокмутака„револуционернаалтернатива‘‘.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.