ГЛОНАСС наскоро ќе го покрие цел свет

Ракета носач „Протон-М“ са три ГЛОНАСС сателита на космо­дрому „Бајконур“ у Казахста-ну. Извор: ИТАР-ТАСС.

Ракета носач „Протон-М“ са три ГЛОНАСС сателита на космо­дрому „Бајконур“ у Казахста-ну. Извор: ИТАР-ТАСС.

Основан уште во 1976 година, рускиот сателитски систем за позиционирање исклучително се развиви во последниве години и дојде до комерцијалните уреди, вклучувајќи го и новиот iPhone 4S.

ГЛОНАСС (Глобален навигациски сателитски систем) е систем за позиционирање на Воздушно-космичката одбрана на Русија и моментално претставува единствена алтернатива на американскиот систем GPS.Последните ГЛОНАСС сателити од минатата година беа испратени во орбитата, зашто беа неопходни за комплетирање на системот.

Од 2001 до 2011 Русија за ГЛОНАСС потроши 107 милијарди рубли (околу 4 милијарди долари) и се планира од 2012 до 2020 да издвои 347 милијарди рубли (повеќе од 11 милијарди долари).

Најголемиот дел од оваа сума (повеќе од 280 милијарди рубли) е наменет за одржување на сателитската констелација: планирано е лансирање на 13 сателити „Глонасс-М“ (основен тип) и 22 нови сателити од типот на „Глонасс-К“: Новите системи имаат подолг животен век од предходните верзии: секој „Глонасс-М“ ќе работи седум години наместо две-три, колку што траеа претходните верзии, додека „Глонасс-К“ апаратите ќе служат и по 10 години. Исто така, новите сателити значително ќе ја зголемат прецизноста на позиционирањето.

 Друг важен дел на системот кој значително ја зголемува неговата точност се т.н. земски станици за диференцијална корекција и три сателитски предаватела на геостационарната орбита. Овој дополнителен комплекс ја зголемува точноста при позиционирање на изострена пресметка со помош на дополнителни информации. Земските станици собираат податоци за локациите на основните ГЛОНАСС сателити и преку сателитски предавател ги пренесуваат податоците до крајните корисници. Дополнителните податоци ја зголемуваат прецизноста на позиционирање на само неколку десетици сантиметри. ГЛОНАСС е веќе попрецизен од GPS на северната географска широчина. До 2020 општата прецизност на позиционирање ќе изнесува 0,6 метри или помалку, што е подобро од сегашните 0,7 метри што ги обезбедува американскиот систем.

 Моментално се градат 16 земски станици на територијата на Русија и две на Антарктикот во руските бази Белингсхаузен и Новолазаревска. Планирана е и низа нови станици на огромна територија од Бразил до Индонезија, која ќе овозможи ГЛОНАСС да ја покрие целата јужна хемисфера, каде GPS моментално нема алтернатива.

Кога станува збор за ГЛОНАСС, треба да се знае дека овој систем како и американскиот GPS, првично бил дизајниран за воени потреби. Системот долго бил прилагодуван исклучиво за војската, а дискусиите за комерцијална употреба почнаа дури пред неколку години.

Првите комерцијални уреди кои го поддржуваат ГЛОНАСС се појавија во 2010. Од 2011 ГЛОНАСС е поддржан од iPhone моделите, почнувајќи од iPhone 4S. Финансиските ефекти од оваа примена се мошне ветувачки. Според прелиминарните проценки, навигацискиот оператор „НИС ГЛОНАСС“ заработил 3,3милијарди рубли во 2011, што е 4,5 пати повеќе одошто во текот на 2010.

Ракета носач „Протон-М“ са узлеће са космодрома „Бајконур“ у Казахстану. Извор: ИТАР-ТАСС.

Првите комерцијални уреди кои го поддржуваат ГЛОНАСС се појавија во 2010. Од 2011 ГЛОНАСС е поддржан од iPhone моделите, почнувајќи од iPhone 4S. Финансиските ефекти од оваа примена се мошне ветувачки. Според прелиминарните проценки, навигацискиот оператор „НИС ГЛОНАСС“ заработил 3,3милијарди рубли во 2011, што е 4,5 пати повеќе одошто во текот на 2010.

„Од оваа година на развојот на ГЛОНАСС ќе влијаат и регионалните програми. Тие се веќе усвоени од 15 членови на Руската Федерација и во тек е опремување на сите видови превозни средства со нови навигациски и телекомуникациски уреди“, вели генералниот директор на „НИС ГЛОНАСС“ Александр Гурко.

Следната етапа на примена ќе започне кога системот ќе стане уште попрецизен. Кога точноста на позиционирањето ќе дојде до еден метар, ГЛОНАСС ќе се користи за следење на состојбата на големи градби кои се подложни на осцилации, како што се мостовите и облакодерите. Прецизен навигациски систем е во состојба да ги открие неправилните осцилации кај таквите градби и да предупреди за потенцијална опасност. На пример, уредите кои користат сигнали со двата постоечки система, ќе бидат инсталирани на нов висечки мост долг 2,1 км, кој неодамна во Владивосток, на рускиот Далечен исток, е завршен за самитот на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка. (што ќе се одржи во септември 2012).

Конечно, системот ќе овозможи уште два проекта од стратешко значење за Русија и нејзините вооружени сили: масовно производство на муниција која користи сателитска навигација и развој на единствен тактички систем.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња