Путин: Одамна требаше да се обединиме во борбата против тероризмот

Неодамнешните трагични настани во Франција покажаа дека мораме да ги обединиме напорите во борбата против тоа зло, рече рускиот претседател Владимир Путин на средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон.

Рускиот претседател Владимир Путин и шефот на британската влада Дејвид Камерон во текот на средбата на маргините на самитот на Г-20 во Анталија изјавија дека е неопходно да се здружат силите во борбата против тероризмот, пренесува „Взгљад”.

„Неодамнешните трагични настани во Франција покажаа дека мораме да го направиме тоа што требаше одамна, да ги обединиме напорите во борбата против тоа зло“, рече Путин на состанокот со Камерон.

Британскиот премиер изрази сочувство по повод авионската несреќа во Египет. „Ние се среќаваме по ужасната трагедија во Париз и, како што рековте, мораме да работиме заедно за да се бориме против тероризмот.

Тој изрази надеж дека во текот на средбата ќе има можност за разговор и за Сирија.

„За нас тоа е голема загуба“, рече Путин и се заблагодари за информациите кои Велика Британија ѝ ги даде на Русија.  

Путин исто така рече дека односите меѓу Русија и Велика Британија минуваат низ тежок период. „Што се однесува до билатералните односи, за нив сега не е најдобар период, но има некаква ревитализација, помеѓу другото и кај меѓувладините комисии“, рече Путин.  

Тој додаде дека во целина е создаден добар механизам за соработка во различни области. „Мислам дека постои потреба да се анализира она што е направено во претходниот период, како и да гледаме во иднина и да дефинираме конкретни планови за развој “, истакна рускиот лидер.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.