Песков: Ќе ја провериме снимката со заканите на ИД кон Русија

Нема сомнение дека ова ќе биде материјал за разгледување од страна на руските специјални служби, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Автентичноста на видео-снимката на која „Исламската држава“ ѝ се заканува на Русија сѐ уште не е потврдена, но службите за безбедност ќе бидат ангажирани за да го потврдат тоа, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости”.

„Ги прочитав соопштенијата за оваа снимка, но ја немам погледнато. Не знам дали оваа снимка е автентична, како ни изворите. Во секој случај, нема сомнение дека ова ќе биде материјал за разгледување за нашите специјални служби“, рече Песков.

Записот со закани на руски јазик беше објавена на сајтот „Ал Хајат“, кој ги објавува пораките на исламистите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.