ИД се заканува со терористички напади во Русија

„Исламската држава“ објави преку медиумите видео во кое се заканува дека ќе организира терористички напади во Русија.

„Исламската држава“ објави видео-запис со ветување дека во најскоро време ќе организира терористички напади во Русија, соопштува „ТВЦ“. 

Аналитичарите на организацијата SITE Intelligence Group, која се занимава со мониторинг на активностите на терористичките групи, објави дека ИД објавила видео со заканувачка содржина.

Записот со закани на руски јазик беше најдена на сајтот „Ал Хајат“, кој ги објавува пораките на исламистите. Како што пренесува „Ројтерс“, во видеото има борци, сцени на убиства, христијански крстови и пеење дека „наскоро ќе потече крв како океан“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.