Песков: За употреба на руска војска во сирискиот конфликт дури не се ни дискутира

Не може да стане ни збор за употреба на руската воена авијација во Сирија, истакна портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков

Употреба на руска војска во сирискиот конфликт дури не се ни разгледува, Асад тоа никогаш не го барал, изјави портпаролот Песков.

„Не, тоа не се разгледува на ниту еден начин. Тоа прашање (испраќање руска војска во Сирија) го нема на агендата“, изјави за новинарите Песков.

Одговарајќи на прашањето дали претседателот на Сирија барал влегување на руска војска  во неговата земја, Песков потенцираше дека „никогаш не станувало збор за тоа“.  

Коментирајќи ја изјавата на командантот на ВДВ генерал-полковник Владимир Шаманов дека падобранците, во случај да добијат таква наредба, се подготвени да заминат за Сирија, Песков изјави: „Никој не треба да се сомнева во тоа, се разбира, руските десантни единици секогаш ќе ја извршат секоја наредба на својот командант“.

Песков исто така изјави дека не станува збор ни за употреба на руската воена авијација во Сирија. „Сега за тоа не станува збор. Со други информации не располагам“, потенцираше портпаролот на претседателот на РФ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња