Холандија побара помош од ТВ-каналот „RT” за деталите од падот на малезискиот „Боинг“

Советот за безбедност на Холандија упати молба до каналот „RT” во врска со добивање информации за рушењето на малезискиот авион „Боинг“ на истокот на Украина минатата година, а кои беа прикажани во документарниот филм на каналот.

„Со голем интерес го гледавме вашиот документарен филм „МН-17: Една година молк“. Во него „RT“ прикажува делови од покривот на пилотската кабина која е најдена кај Петропавловка. Би сакале да ги преземеме тие детали и да ѝ ги предадеме на Холандија, за да може Советот за безбедност да ги искористи во текот на истрагата и реконструкцијата на настанот“, напиша официјалниот претставник на Советот за безбедност на Холандија Сара Верној.

Во документарниот филм на рускиот канал роднините на загинатите изјавија дека не можеле да добија информации за текот на истрагата, како и дека таа не се спроведува објективно.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња