Воздушно-десантните сили (ВДВ) на Русија в недела ја одбележуваат 85-годишнината од своето формирање. Јубилејната година „крилатата пешадија“ ја пречекува со големи промени: се формираат нови единици, се зголемуваат веќе постојните, пристига најново вооружување и техника.
За роденден на ВДВ се смета 2 август 1930 года, кога на воените вежби на Московскиот воен округ во близина на Воронеж скокнало со падобран одделение од 12 луѓе.
Денес бројноста на ВДВ изнесува околу 45 илјади и, како што се очекува, ќе расте.
Празнување по повод 85 години ВДВ ќе има во сите региони на Русија. Како што се очекува, во нив ќе земат учество над 300 илјади падобранци од сите возрасти и генерации.
На сите места ќе се одржат показни вежби, изложби на воена техника, концерти, чествувања на ветерани од ВДВ и сл.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче