Путин го потпиша указот за уништување забранети производи на граница

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за уништување производи кои се увезени во Русија, а потпаѓаат под ембарго.

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за уништување производи кои се увезени во Русија, а потпаѓаат под ембарго. Производите ќе се уништуваат од 6 август.  

Процедурата за уништување на таквите производи треба да ја воспостави владата, се наведува во указот.

Указот не се однесува на стоки за лична употреба.

До денес според важечкиот закон откриената незаконски увезена роба се враќаше на испраќачот.

Министерството за земјоделство го разви проектот со кој се утврдуваат правилата за итно уништување на производи на кои се однесува ембаргото веднаш на границата по протоколот за одземање.

Претседателот на Русија Владимир Путин на 24 јули се согласи со барањето на министерот за земјоделство Александар Ткачев, кој предложи да се уништуваат испораките на производи чиј увоз во Русија е забранет во рамките на контрасанкциите, а кои сепак пристигаат на територијата на земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња