Стејт департментот на САД во вторникот изрази „длабока загриженост“ од решението на руските власти да ја прогласат за непожелна работата на американскиот „Национален фонд за поддршка на демократијата“ (NED) во РФ.
„Оваа определба само ја зголемува нашата загриженост што таканаречениот закон за непожелни (организации) и понатаму ќе ја ограничува активноста на граѓанското општество во Русија. Ова е уште еден пример за потиснување од страна на руската влада на независните гласови и уште еден намерен чекор кон изолација на рускиот народ од светот“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Американското министерство исто така истакнува дека „останува вознемирено“ од ограничувањата за независните медиуми, претставниците на малцинствата и политичката опозиција.
Претходно Државното обвинителство на РФ објави дека фондот, користејќи ги можностите на руските комерцијални и некомерцијални филијали, фондот „учествувал во работата за признавање за нелегитимни резултатите од изборните кампањи, организирање политички активности со цел да влијае на одлуки носени од органи на власта, дискредитација на служењето во Вооружените сили на Русија“. Имајќи ја предвид генералната насоченост на работата на фондот, обвинителството донесе заклучок дека таа претставува „закана по основите на уставниот систем на РФ, одбранбената способност и безбедност на државата“, поради што работата на организацијата беше прогласена за непожелна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче