МиГ-29 ги воодушеви Британците со вертикалното полетување

Посетителите на најголемиот аеромитинг „Royal International Air Tattoo” во Вилтшир беа импресионирани од спектакуларното вертикално полетување на рускиот ловец МиГ-29.

Посетителите на најголемиот аеромитинг „Royal International Air Tattoo” во Вилтшир беа импресионирани од спектакуларното вертикално полетување на рускиот ловец МиГ-29.

Набљудувачите кои го гледаа авионот оддалеку, можеа да си помислат дека во прашање е ракета, а не авион, наведува изданието „Хафингтон Пост“, а пренесува „Росијскаја газета“. Снимката од полетувањето на рускиот ловец беше објавена од сите светски водечки медиуми, а на Јутјуб видеото собра над половина милион прегледи.

МиГ-29 (според класификацијата на НАТО „Fulcrum”) е руски ловечки авион, од трета и четврта генерација. Конципиран е и наменет за спротивставување на американските авиони  F-16 „Fighting Falcon” и F-15 „Eagle” за превласт во воздушниот простор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.