Климкин се пожали дека Лавров не сака да комуницира

Министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин рече дека со својот руски колега Сергеј Лавров разговара само на тема имплементација на Минската спогодба, а дека комуникацијата меѓу руските и украинските дипломати денес не постои.

Министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин рече дека со својот руски колега Сергеј Лавров разговара само на тема имплементација на Минската спогодба, а дека комуникацијата меѓу руските и украинските дипломати денес не постои.

„Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров фактички е единствениот со кој е изводливо да се разговара. Нашата комуникација е секогаш фокусирана врз практичните аспекти на имплементацијата на Минската спогодба. Никакви разговори надвор од овие рамки ние не водиме. Нема да кажам дека нашата комуникација е ограничена, но јас не можам да ја наречам ни природна и опуштена”, рече шефот на украинската дипломатија во интервју за „Њу Тајмс“ (The New Times), а пренесува „Взгљад”.

„Што се однесува до разговорите меѓу нашите и руските дипломати, едноставно ги нема, освен кога станува збор за прашања поврзани со поддршката на Украинците во Русија, за политичките затвореници или пристапот до конзулатите“, рече Климкин.

Тој, исто така, истакна дека е сигурен дека во среднорочна перспектива Крим ќе ѝ биде вратен на Украина. „Јас сум потполно сигурен дека сегашниот статус на Крим во перспектива нема да остане ист. И јас не зборувам за долгорочна , туку за среднорочна перспектива“, изјави украинскиот министер за надворешни работи.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.