Путин ќе настапи пред Генералната асамблеја на ООН

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе настапи на 70-та годишна сесија на Генералната асамблеја на ООН, соопштува „Асошиејтед Прес“.

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе настапи на 70-та годишна сесија на Генералната асамблеја на ООН, соопштува „Асошиејтед Прес“.

70-та сесија ќе се одржи од 15-22 септември.

Пред Генералното собрание на ООН ќе настапат и претседателот на САД Барак Обама, претседателот на Кина Си Ѓинпин и претседателот на Иран Хасан Рохани.

Организацијата на Обединетите Нации го објави својот прв предлог-список на говорници во понеделникот, што може да биде најголемиот нејзин собир на светски лидери што кога било се случил во ООН.

Претходно за можното учество во заседанието на Генералната асамблеја во Њујорк Путин изјави во текот на средбата со шефовите на светските  агенции на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.