Медведев ги повика европските политичари да сторат сѐ за зачувување на пријателството со Русија

Премиерот на РФ учествуваше во церемонијата во спомен на руските заробеници кои загинале на превојот Вршич во Словенија во годините на Првата светска војна.

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев ги повика европските политичари да сторат сѐ за задржување на пријателството со Русија. Со таков апел тој настапи во текот на церемонијата во спомен на руските заробеници кои загинале на превојот Вршич во Првата светска војна.

„Тоа, што денеска на церемонијата учествуваат и Словенци и Руси, зборува за продолжувањето на пријателството и на оваа прекрасна традиција која претставува доказ за посебните односи  меѓу народите на нашите земји“, истакна Медведев. „Сакам отворено да кажам дека ние многу го цениме ова. Политичарите, сите кои носат одлуки во нашите земји, треба да сторат сѐ за да продолжи ова пријателство и понатаму, затоа што луѓето го сакаат тоа“.

Премиерот потсети дека 2015 и годините што следуваат се богати со особени датуми.

„Неодамна заедно ја одбележавме 70-годишнината од Победата над фашизмот, се сеќаваме бора на нашите народи во таа борба. Следната година ќе ја одбележиме стогодишнината од Руската капела (на превојот Вршич), која го носи името на еден од најпочитуваните светци во нашата земја – Кнезот Владимир“.

Зборовите на благодарност Медведев ги кажа на словенечки јазик. „Вечна им слава на нашите војници, благодарност за словенечкиот народ“, рече тој.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња