Француски сенатор: Референдумот на Крим е потполно уставен

Францускиот сенатор Ив Поцо ди Борго, кој минатата недела беше во составот на делегацијата француски пратеници која го посети Крим, изјави на Меѓународниот младински форум „Средби на Голема Европа“ дека референдумот на Крим е одржан во целосен склад со уставот на регионот.

„Овој референдум е одржан во целосен склад со Уставот на Крим. Ние на Крим не сретнавме војници, освен воениот оркестар на меморијалната свеченост посветена на споменот на загинатите во Втората светска војна“, изјави сенаторот, кој посетата на Крим ја нарече „исклучително патување“.   

Ди Борго изрази жалење поради одбивањето на западните земји да им дадат визи на жителите на Крим. „Оваа дискриминација ги спречува младите жители на републиката да студираат во земјите на Западна Европа и да се дружат со врсниците“, изјави сенаторот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.