Командантот на специјалните операции на САД ја обвини Русија дека настојува да го уништи НАТО

Русија ја тестира силата САД и ја користи секоја да ги разедини членките на НАТО, изјави началникот на Главната управа за специјални операции на Министерството за одбрана на САД Џозеф Вотел во интервју за каналот „Фокс Њуз“.

Според мислењето на американскиот генерал, акциите на Русија претставуваат „најзначајна долгорочна закана по националната безбедност на САД“, но и  за постоењето на Америка и НАТО.

„Русија нѐ предизвикува во секоја погодна прилика. Тоа е намера да се создадат услови во кои НАТО нема да може да се развива“, рече Вотел.

Американскиот генерал истакна дека договорите што Русија ги потпиша со трите традиционални сојузници на САД: Јордан, Египет и Саудиска Арабија во врска со нуклеарната енергија сведочат за тоа дека Москва настојува да биде конкурентна на Американците и да ја прошири својата сфера на влијание. Тој додаде дека САД ќе им помагаат на сбоите сојузници за да му се спротивстават на делувањето на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња