Во ЕУ расте „активноста на проруското лоби“, изјави потпретседателот на Европарламентот Ришард Чарнецки на средбата со претседателот на Украина Петро Порошенко во Киев.
„Потпретседателот на Европскиот парламент истакна дека ситуацијата околу Мукачево му нанесува голема штета на имиџот на Украина, затоа што ќе се искористи од руската пропаганда против Украина. Тој ја истакна растечката активност на проруското лоби во Европската унија“, соопштува сајтот на претседателот на Украина.
На 11 јули во украинскиот град Мукачево припадници на „Десен сектор“ отворија оган врз милицијата и мирните граѓани. Во престрелката беа убиени двајца припадници на „Десен сектор“, останатите се скрија, а неколкумина беа приведени по неколку дена. Според една од верзиите за настанот, инцидентот е резултат на борбата меѓу двајца пратеници од тој регион за контрола на шверцот преку границата со Унгарија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче