Можната посета на рускиот премиер Дмитриј Медведев на Курилските острови е неприфатлива, изјави министерот за надворешни работи на Јапонија Фумио Кишида.
„Тоа се коси со нашиот став и ги повредува националните чувства на Јапонците. Тоа е неприфатливо”, рече Кишида.
Тој истакна дека владата на Јапонија на 23 јули преку амабасадата во Москва упатила до рускиот премиер молба да ја откаже посетата на Курилските острови. За својата намера да го посети овој архипелаг Медведев соопшти во текот на седницата на владата на чиј дневен ред беше проектот за развој на Курилските острови.
Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Јапонија е единствената земја на светот која ги доведува во прашање резултатите од Втората светска војна и, помеѓу другото, го оспорува сопствеништвото над Курилските острови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче