Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави од што зависи опстанокот на Украина и кризата во оваа земја ја спореди со „тешкиот и многу болен“ распад на Југославија. Претседателот на руската влада зборуваше за тоа во интервјуто за Радиотелевизија Словенија пред претстојната посета на оваа земја.
„Ја споменав Југославија само затоа што се надевам дека, откако ќе помине извесно време, нема на ист начин да се потсетуваме каква држава беше Украина“, објасни Медведев.
Според мислењето на Медведев, украинската криза е вештачки предизвикана. Премиерот на РФ изјави дека за настанувањето на кризата е одговорно поранешното и сегашното раководство на Украина и истакна дека проблемот можат да го решат единствено самите Украинци. Киев, според неговото мислење, треба да ја спроведува Минската спогодба, а доброволците да покажат подготвеност за компромис.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче