Медиум: Путин ја спаси Европа, оставајќи ја Грција без драхмата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас беше принуден да се согласи на суровите услови на кредиторите наспроти волјата на својот народ затоа што неговиот „резервен план“ не успеа, пишува „Ле Темп“.

Можно е загадочната капитулација на Алексис Ципрас дента по референдумот да има објаснување, пишува весникот. Според мислењето на некои грчки медиуми, „резервниот план“ на Ципрас се состоел во воведување на драхмата откако ќе добие помош од Русија за нејзино печатење.

Уште од првиот момент од неговото стапување на должноста грчки премиер, Ципрас се обидуваше да се дистанцира од Брисел и да се зближи со Русија, истакнува изданието. Покрај тоа, како што тврди грчката информативна агенција Greek Reporter, Атина побарала од Русија 10 милијарди долари за печатење на нови драхми, затоа што нејзините сопствени резерви на злато не ѝ го дозволувале тоа. За ова биле информирани и клучните министри во владата на Грција, соопштуваат грчките  медиуми.

Идејата за воведување нова драхма била  разгледувана од претставници на грчкото Министерство за финансии, откако внимателно го проучиле моделот на распадот на Чехословачка, кога беше воведена словачката крона. Но, за жал на грчкиот лидер, по завршувањето на референдумот Владимир Путин му одговорил на Ципрас негативно. Рускиот претседател се ограничил само на нејасното ветување за аванс во износ од 5 милијарди долари за транзит на гасот преку територијата на Грција.

Во настанатата ситуација, дури и без оглед на поддршката од грчкиот народ, на Ципрас не му остана друг избор освен да се согласи на суровите услови на кредиторите, констатира изданието. Но самиот факт за таквиот предлог зборува за тоа дека „сонот за единството на еврозоната“ кој го има Ангела Меркел би бил невозможен без помошта на Владимир Путин.

Кремљ веќе ги демантираше информациите на грчките медиуми за тоа дека Ципрас побарал финансиска помош од Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња