Марија Шарапова повторно најголема руска ѕвезда

Приходите на Шарапова годишно, според „Форбс“, пораснаа на 29,7 милиони долари.

Вториот рекет на светот, тенисерката Марија Шарапова, трета година по ред се наоѓа на врвот на листата на најголеми руски ѕвезди, според магазинот „Форбс“.

Рејтингот на руските ѕвезди се прави врз основа на приходите, бројот на објавувања во медиумите и бројот на пребарувања на Интернет.

Приходите на Шарапова за една година пораснале од 24,4 на 29,7 милиони долари. Според бројот на споменувања во медиумите и на телевизија Шарапова е втора (7166 споменувања годишно), а според пребарувањата на Јандекс го зазеде 30 место (830 955 пребарувања).

Второто место според рејтингот е за пејачот Филип Киркоров (приход од 10,4 милиони долари), додека трет е уште еден пејач, Григориј Лепс (12,2 милиони долари).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.