Истражниот комитет на Русија повторно ќе објави меѓународна потерница по украинскиот бизнисмен Игор Коломојски, шефот на МВР Украина Арсен Аваков и други високи функционери, изјави официјалниот претставник на ИКР Владимир Маркин.
Сите лица се обвинети за кривични дела во Донбас. Интерпол еднаш веќе одби да објави потерница за барање и приведување на овие на тие лица, сметајќи дека делото е политички мотивирано.
«Но одбивањето на Интерпол не пречи повторно да се обратиме до него, особено ако сакаме да пријавиме дека тие лица извршиле нови кривични дела“, изјави Маркин. Токму тоа планира да го направи ИКР.
Вкупно 54 кривични дела поврзани со настаните во Украина се процесуирани од Истражниот комитет на Русија. Во нив се обвинети над 30 лица, вклучувајќи високи функционери на киевската администрација. Овој список не е конечен, потенцираше Маркин.
Тој прецизираше дека на листата на барани лица фигурираат министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков, поранешниот министер за одбрана Валериј Гелетеј, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина Виктор Муженко, командантот на 25 бригада на вооружените сили Олег Микас, лидерот на партијата „Слобода“ Олег Тјагнибок, лидерот на „Десен сектор“ Дмитриј Јарош и неговите помошници, членови на организацијата УНА-УНСО и други.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче