Кандидат за началник на штабот на американската армија ја нарече Русија главна закана

Кандидатот за местото началник на штабот на армијата на САД генерал Марк Мили ја нарече Русија главна закана за безбедноста на САД, соопштува ТАСС.

Кандидатот за местото началник на штабот на армијата на САД генерал Марк Мили ја нарече Русија главна закана за безбедноста на САД, соопштува ТАСС.  Говорејќи на сослушувањото пред Комитетот за вооружените сили во Сенатот, генералот истакна дека Русија претставува единствената земја која е способна да ги уништи САД.  Истовремено тој констатираше дека таа закана е хипотетска.

„Русија е единствената земја која поседува голем арсенал на нуклеарно вооружување и е способна да ги уништи Соединетите Држави. Тоа се можностите на Русија, а нејзините намери се непознати. Во исто време нејзиното  однесување предизвикува наша сериозна загриженост“.

Според зборовите на генералот, Русија е „воена закана број еден“. Мили исто така истакна дека постои закана од страна на Иран и Кина, истовремено изјавувајќи дека секоја од нив има свои карактеристики. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.