Весникот „Тајмс“.пишува дека САД се подготвени да го ограничат пристапот на Русија до кредити на Запад дококу властите во РФ не одговораза мир во Украина. „Казнените мерки... треба да демонстрираат остро заострување на санкциите против Москва. Предлозите што се составуваат во вашингтон вклучуваат обид за затворање на западните кредитни пазари за Русија“, пишува изданието, повикувајќи се на неименуван извор во американската администрација.
На пример, САД имаат намера да предложат ограничување на рокот на кредитирање на Запад на руски компании од седум дена, на тој начин заострувајќи го сегашното важечко ограничување од 30 дена. Пред настаните во Украина и санкциите што следеа по нив, руските компании можеа да земаат кредити на неограничено време, а периодот на кредитирање достигнуваше и до неколку години.
„Ние би можеле да зборуваме за рок од седум дена, не за 30. Тоа значи дека бизнисмените и физичките лица треба да ги обновувааат кредитните договори секоја недела и со тоа да ја загубат надежта за долгорочно кредитирање на запад“, го цитира изданието соговорникот.
Според информациите на изворот, САД составуваат опширен список на инструменти за притисок врз Русија и нејзиното раководство, а засилувањето е предизвикано поради тоа што темата на притисок врз Русија станала најважна за американското Министерство за финансии последната година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче