Порошенко ги обвини доброволците и Русија дека се подготвуваат за ескалација на конфликтот во Донбас

Русија на разни нивоа многупати има изјавено дека сите тврдења за префрлање на руска војска во Украина се „пропаганден фалсификат“.

Претседателот на Украина Петро Порошенко во интервју за „Си-Ен-ЕН“ ги обвини доброволците од Донбас и Русија за подготовка за ескалација на конфликтот.

„Јас не само што го мислам тоа, но и имам потврда во врска со ова од наши разузнавачки извори“, одговори претседателот на Украина на прашањето дали се точни информациите за подготовката на доброволците за ескалација на конфликтот.

„Ние исто така потврдивме дека во моментов се врши концентрација на руски сили и тоа нѐ тера да преземаме огромни напори за да ја спречиме агресијата и да не дозволиме ескалација на конфликтот“, изјави Порошенко, без да ги поткрепи своите зборови со некакви докази.

Русија на разни нивоа многупати има изјавено дека сите тврдења за префрлање на руска војска во Украина се „пропаганден фалсификат“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња