Руската Дума ќе ја разгледа можноста за воведување реципрочни мерки на потегот на Велика Британија, која ги блокираше сметките на Меѓународната информативна агенција „Русија денес“ во оваа земја, соопшти претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума Алексеј Пушков. Во рамките на овие мерки би можеле да бидат блокирани сметките на британската радиотелевизиска компанија „Би-Би-Си“.
„Постојат провокативни акции како што е блокирањето на сметката на агенцијата „Русија денес“ во Лондон. Ми се чини дека методите на невидливата дипломатија треба да се комбинираат со методите на реципрочни мерки. Зошто, на пример, не би ги примениле истите мерки врз радиотелевизиската компанија „Би-Си-Си“ во Москва. Овде работат и други британски компании кои се занимаваат со информативна дејност. Ми се чини дека би требало да ја разгледаме оваа можност“, изјави Пушков на прес-конференцијата во агенцијата „Русија денес”.
„Врз која основа британската влада го прави ова? Тие ја обвинуваат агенцијата „Русија денес“ за пропаганда. Но, ве увеувам, ако детално, или само површно ги прочитаме материјалите што ги објавува „Би-Би-Си“, ќе најдеме огромен број пропагандни елементи, нешта кои не одговараат на реалноста. Затоа треба да се договориме со нашите западни колеги: или сите медиуми да работат спокојно и никој да не ги гиба, или ако ги прекршуваат правилата на игра, зошто тогаш да очекуваат ние да не ги прекршуваме?“, додаде Пушков.
„Русија денес” сѐ уште нема добиено официјално соопштение за затворањето на сметката и причините за таквата одлука од страна на банката „Барклиз“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче