„Сметката е блокирана... банката требаше да испрати соодветно известување“, изјави за РИА „Новости“ претставник на банката кој одби официјално да ги наведе причините за замрзнувањето на сметката.
Како што истакнува агенцијата, извор во банкарските кругови објасни дека Министерството за финансии на Велика Британија го ставило на списокот лица кои потпаѓаат под финансиски санкции генералниот директор на „Русија денес“ Дмитриј Кисељов поради што МИА се нашла под финансиски рестрикции.
Официјално известување од банката за блокирањето на сметката и за причините за таквата одлука претставништвото на МИА „Русија денес“ сѐ уште не е пристигнато.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче