Претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков бара од САД да ги потврдат или демантираат информациите за испорака на смртоносно оружје на Украина.
„Амбасадорот на Украина во САД Чалиј изјави дека таа (Украина) веќе добива оружје од САД и уште 10 европски земји. Администрацијата на Обама тоа не го признава. Кому да верувате?“, напиша Пушков на својот Твитер-профил.
„ Дали САД можат да испорачуваат смртоносно оружје на Украина и покрај изјавите на администрацијата на Обама? САД мораат или да го демантираат, или да го потврдат тоа“, истакна рускиот политичар.
Украинскиот амбасадор во Америка Валериј Чалиј изјави на 10 јули дека во Киев доаѓа оружје од над 10 европски земји. Од друга страна, министерот за одбрана на САД Ештон Картер рече дека сѐ уште немаат донесено одлука зо врска со испорачувањето воена помош на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче