Ушаков: РФ ги слушна сигналите за желбата на Атина да се придружи на Банката на БРИКС

Помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков изјави дека Москва ги слушнала сигналите што се појавиле во медиумите дека Грција може да побара прием во новата Развојна банка на БРИКС, меѓутоа за тие сигнали сѐ уште не е разговарано на официјално ниво.

Москва ги слушнала сигналите за желбата на Грција за прием во новата Развојна банка на БРИКС, меѓутоа за тие сигнали сѐ уште не е разговарано на официјално ниво, изјави помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков, истакнувајќи дека банката најпрввин ќе почне да работи со решавањето на своите задачи и проблеми, а не со Грција.  

„Во печатот, во медиумите се појавија сигнали дека Грција наводно може да побара прием во новата Развојна банка на БРИКС, ние знаеме за тоа, за тие сигнали. Но за нив конкретно сѐ уште не се дискутирало на официјално ниво“, изјави Ушаков во интервју за РИА „Новости“, RT и ВГТРК, чиј текст ќе биде објавен во вторник напладне.

„Банката треба да се фокусира на своите практични приоритети за да почне да функционира и, се разбира, така да речам, да почне со работа не од Грција, ами од своите сопствени проблеми. Но, како што реков, за Грција ќе се дискутира, но не во контекст на нејзино приклучување дури и во далечна перспектива кон новата Развојна банка на БРИКС“, одговори помошникот на претседателот на барањето да ја коментира информацијата дека Грција може да добие кредит за некои проекти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња