Хилари Клинтон апелира САД да бидат попаметни во односите со Путин

Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон изјави во саботата, 4 јули, дека САД треба да дејствуваат „многу поумно“ кога станува збор за рускиот претседател, соопштува „Ројтерс“.

„Треба да бидеме многу попаметни кога си имаме работа со Путин и кога си имаме работа со неговите амбиции. Тој не е едноставен човек... Но, јас не мислам дека има каква било алтернатива на постојаната соработка“ изјави Клинтон.  

Клинтон во својот говор на 13 јуни во Њујорк вети дека ќе ги заштити Американците од „традиционалните закани“ кои доаѓаат, според нејзиното мислење, од Русија, Кина и Иран. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња