Русија се најде на списокот со земји со најслаба економија на светот, според прогнозата на економистите со кои разговараше агенцијата „Блумберг“.
Според резултатите од тековната година најголем пад на БДП се очекува да има Украина. Таа е на чело на оваа ранг-листа. Експертите сметаат дека во четвртиот квартал 2015 година БДП на Украина ќе се намали за 4%.
На второто место се најде Русија. Поради санкциите и падот на цената на нафтата, БДП на Русија до 2015 година година може да доживее пад од 3,5%. Негативен раст според има и Бразил (-1,6%) и Аргентина (-1,5%), поради високата инфлација и невработеноста.
Меѓу десетте најпроблематични економии на светот влегуваат и Швајцарија (раст на БДП од 0,1%), Хрватска (0,2%), Србија (0,5%), Грција (0,9%), Италија (1,1%) и Казахстан (1,2%).
Најголемо темпо на пораст, од друга страна, се очекува да забележат Индија (7,5%), Кина (6,9%) и Виетнам (6,1%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче