Објавени победниците на XV Меѓународен натпревар „Чајковски“

Заврши меѓународниот натпревар за изведувачи на класична музика „Чајковски“.

Во изминатите три недели на сцените во Москва и Санкт Петербург  излегуваа најразлични индивидуални изведувачи: романтичари, виртуози, мислители, па дури и “генијалци“. Но, по традиција, осебен наплив на емоции имаше на настапите на пијанистите, што започна со изненадувања, затоа што беа елиминирани уште на самиот почеток фаворитите од претходните натпревари.

Но, сепак се случи сензација на XV Меѓународен натпревар „Чајковски“: емоциите што на публиката ѝ ги подари пијанистот Љука Дебарг, влегоа меѓу „легендите“ на натпреварувањето. Токму нему здружението на музичките критичари на Москва му ја додели наградата (концерт во декември 2015 година во Московскиот Дом на музиката) како на музичар „чии настапи на натпреварот станаа забележителна уметничка појава и чија уникатна дарба, креативната слобода и убавината на музичките трактати им оставија незаборавен впечаток на публиката и критиката“. И затоа што постојат музичари до кои можат да се адресираат овие зборови, а на конкурсот имаше и други звучни откритија, ова наптреварување успеа.

Преносите од натпреварувањето ги гледаа над 10 милиони луѓе во 179 земји во светот. Во статистиката фигурираат 10 352 градови од сите континенти. Ова е апсолутен рекорд за музичките натпреварувања, истакна раководителот на натпреварувањето Валериј  Ѓоргиев.

Победници на натпреварот се: Клавир – Дмитриј Маслеев (Русија); Виолина: 1 место не беше доделено, 2 место го освои Јуј-Чен Цен (Тајван); Виолончело: 1 место: Андреј Јонут Јоница (Романија); Соло пеење: Жени: 1 место: Јулија Маточкина (Русија), Мажи 1 место -  Ариунбаатар Ганбаатар (Монголија).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња