Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги стави во ист кош активностите на Русија и проблемите врзани со климатските промени и тероризмот.
„Многу од проблемите кои се пред Европската унија се исти со оние со кои се судира Данска: климатските промени, економското заздравување, тероризмот и геополитичките закани од страна на Русија“, пишува на сајтот на Европскиот совет.
Туск му честиташе на новиот премиер на Данска Ларс Леке Расмусен и изрази надеж дека државата со новата влада ќе продолжи со „конструктивниот придонес во развојот и унапредувањето на Европската унија“.
Американскиот претседател Барак Обама во септември минатата година изјави дека најголема светска закана се Еболата, терористите во Сирија и Ирак, но и Русија. Идентична изјава кон крајот на јуни даде германската канцеларка Ангела Меркел, која, исто така, ја окарактеризира Русија како најопасниот предизвик покрај вирусот Ебола и „Исламската држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче