Пушков: НАТО не ја напаѓа Русија, се плаши од нејзиното нуклеарно оружје

Шефот на меѓународниот комитет на Државната дума Алексеј Пушков смета дека НАТО се плаши од нуклеарното оружје на Русија.

Раководителот на меѓународниот комитет на Државната дума Алексеј Пушков ја коментираше изјавата на поранешниот амбасадор на САД во РФ Мајкл Мекфол за тоа, дека НАТО не планира да ја нападне Русија: според неговото мислење, Алијансата ја запира не „мирољубивоста“, ами нуклеарното оружје на Русија.

„Единствената причина поради која НАТО не ја напаѓа Русија сигурно не е неговата мирољубивост, туку тоа што поседуваме нуклеарно оружје. Југославија, Ирак и Либија немаа“, напиша Пушков на својот Твитер-профил.

Претходно Мекфол изјави дека на распоредувањето на новите системи за противвоздушна одбрана С-400 на границата на РФ не треба да им се придава големо значење, НАТО нема намера да ја нападне Русија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња