Почина Евгениј Примаков

Денеска почина Евгениј Примаков, поранешен претседател на владата на Руската Федерација.

Руските медиуми денеска соопштија дека починал Евгениј Примаков (29 октомври 1929, Киев - 26 јуни 2015, Москва), поранешен претседател на владата на Руската Федерација во периодот од 11 септември 1998 година до 12 мај 1999 година.

Во текот на својот живот Примаков извршуваше повеќе државни функции и за својата работа беше наградуван со државни одликувања и награди како во земјата, така и во странство.

Претседателот на РФ Владимир Путин изрази сочувство до роднините и пријателите на политичарот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња