10 најпознати лизгалишта во Москва (ФОТОГРАФИИ)

Патувања
АНА СОРОКИНА
Московјаните и гостите на главниот град во текот на зимата 2024 година ќе имаат на располагање над 160 лизгалишта со вештачки мраз и 1000 со природен мраз. Повеќето лизгалишта имаат луксузно осветлување, места за изнајмување опрема и кафулиња. Ви ги претставуваме најпопуларните меѓу нив.

1. Парк „Горки“

Најголемото лизгалиште во Москва беше отворено во паркот „Горки“. На истото место се наоѓа од 1931 година, практично од основањето. Годинава лизгалиштето се прошири, па сега под ледената површина е и Кејот „Пушкин“. Лизгалиштето може да прими 7500 луѓе.

За лизгање во паркот „Горки“ ви е потребен билет кој можете да го купите на сајтот

2. „Лизгалиште ГУМ“ на Црвениот плоштад

Малото, но многу убаво лизгалиште токму на Црвениот плоштад нуди бескрајна плејлиста со песни од советските новогодишни филмови.

И ако имате среќа, ќе можете да присуствувате на часови по обука за уметничко лизгање.

Распоредот на термини и билети можете да купите на сајтот на лизгалиштето.

3. Лизгалиште на Плоштадот на Револуцијата

Москва веќе десетти пат е домаќин на фестивалот „Патување во Божик“ во чии рамки се организираат и бесплатни лизгалишта. Најпознатото се наоѓа на излезот од метрото „Плоштад на Револуцијата“/„Театраљнаја“.

За влез во лизгалиштето е потребно претходно да направите онлајн регистрација.

Доколку немате сопствени лизгалки, можете да ги изнајмите за симболични 50 рубли (околу половина евро) со кауција од 2000 рубли (20 евра).

Списокот на сите лизгалишта во рамките на фестивалот може да се најдеовде

4. Лизгалиште на ВДНХ

Фантазирате за патување во вселената? Во ВДНХ годинава можете да лизгате околу макетата на ракетата-носач „Восток“ (на Плоштадот на Индустријата). Неговата тема беше „Лет низ времето“.

Покрај тоа, по лизгањето на ВДНХ можете да ја погледнете изложбата „Русија“.

Влезница можете да купите на сајтот на лизгалиштето.

5. Отворено лизгалиште во „Бауманова градина“

„Бауманова градина“ се наоѓа во близина на метро-станицата „Красние ворота“. Мразот е вештачки и благодарение на тоа лизгалиштето работи и кога надвор температурата е +10 степени.

За оние кои првпат стапнуваат на мраз има школа за уметничко лизгање.

Влезници можат да се купат само онлајн.

6. Лизгалиште „Мечтатели“, „Лужники“

Во спортскиот комплекс „Лужники“, југозападно од Москва, се наоѓа  огромна ледена површина од 16000 квадратни метри со мноштво интересни содржини за деца и возрасни.

Тука, на пример, можете да играте воздушен хокеј, да присуствувате на часови по обука во карлинг да научите од шампиони како правилно се изведуваат елементи во уметничко лизгање.  

Влезниците се купуваат на сајтот.

7. Лизгалиште на Северната речна железничка станица

Едно од најубавите места во Москва е Северната речна железничка станица. Покрај својата основна сообраќајна функција, таа е и место за културна разонода. 

Курсеви за обука, предавања, концерти и останати забавни содржини се достапни за секого.

Лизгањето овде е бесплатно, само треба претходно да се регистрирате на сајтот.

8. Лизгалиште во паркот „Краснаја Пресња“

Во паркот „Краснаја Пресња“ работи лизгалиште со поглед на „Москва Сити“. На едниот дел има природен мраз, а на другиот вештачки мраз.

Кој мраз е подобар? Можете сами да споредите бидејќи влезницата важи за двата истовремено.

Влезниците се купуваат на сајтот на лизгалиштето.

9. Лизгалиште во паркот „Сокољники“

И паркот „Сокољники“ има две лизгалишта - „Гигант“ со природна ледена површина (работи само при стабилно студено време) и лизгалиште „Мраз“ со вештачки мраз каде можете да лизгате и на температура од +8 степени Целзиусови. И двете се многу големи и што е многу добро, имаат гардероба каде што можете да ги оставите вашите работи.

Влезници можете да купите на сајтот на лизгалиштето.

10. Лизгалиште во паркот „Ермитаж“

Еден од најубавите московски паркови секоја година прави две лизгалишта – со природен и со вештачки мраз. Нивните маршрути за лизгање се разликуваат па ќе ви биде интересно да ги пробате и двете.

Бројните кафулиња и шаторите со топли пијалаци нема да ви дадат да замрзнете.

Влезници за лизгалиштата можат да се купат одвоено на сајтот.