Десет факти за паркот „Горки“, најпопуларното место во Москва

Legion Media
Омилено место за прошетка и спортување, неверојатно посетено и во работни денови и во викенд, преполно со кафулиња, ресторани, музеи и млади, позитивно настроени московјани.

1. Зазема површина од речиси 220 хектари на брегот на реката Москва

Овој јавен простор, во народот познат како Паркот „Горки“ официјално се вика Централен парк на културата и одморот „Максим Горки“.

Александрински насип. Кримски мост (1912-1914).

Се наоѓа југозападно од центарот на главниот град и се протега по должината на свиокот на реката Москва. 

Прошетка

Современиот парк „Горки“ се простира на речиси 220 хектари, ако се земат предвид и големите зелени површини на Нескучни Сад, Воробјови гори и Паркот на уметноста „Музеон“.

2. Постоел уште во времето на Руското царство

Летниковец на семејството Голицини, 1910-тите.

Историјатот на паркот „Горки“ започнува со формирањето на Нескучни Сад. Овде, на десниот брег на реката Москва, во XVIII век имало селски имоти на благородничките руски семејства - Голицини, Орлови и Трубецки. Имотот на Трубецки се викал Нескучное.

Паркот во 1931 година.

Тука имало огромни градини во кои благородништвото од престолнината сакало да шета и за кое тука се организирале разни забави.

Паркот во 1931 година.

Овие имоти биле откупени еден по друг од царот Николај I за да во текот на 1820-тите и 1830-тите го формира на тоа место Нескучни Сад и да изгради летен театар.

3. Тоа беше „излогот“ на советската власт

Голема земјоделска и занаетско-индустриска изложба

Нескучни Сад по револуцијата беше национализиран и отворен за јавноста. Во 1923 година таму се одржа првата голема земјоделска и занаетчиско-индустриска изложба.

Тоа беше многу години пред за потребите на оваа изложба да биде изграден посебен парк, познат денес како ВДНХ. До ден-денес е зачуван павилјонот „Машини и алати“, конструктивистичка зграда во вид на шестоаголник. На негова реконструкција денеска работи Музејот на современа уметност „Гаража“ (прочитајте за тоа во продолжение).

Елка

Со планирањето на идниот парк раководеше авангардниот архитект Константин Мељников, а во изградбата учествуваа и познати иновативни архитекти како Ел Лисицки, Алексеј Шчусев и Александар Власов. Познатиот лак на главниот влез е дизајниран во 1950-тите од Георгиј Шчуко.

4. Проектиран е и за одмор, и за култура

Одмор на веранда во Паркот на културата

Овде на 12 август 1928 година е отворен еден од првите советски паркови за култура и одмор. Имало кафулиња, танцови и спортски терени, висечки мрежи за лежење и сите други услови за рекреација на работниците.

Покрај рекреацијата, нивна обврска беше и културно да се издигнуваат. На пролетерите им се читаа „усни“ весници со најнови вести и пропагандни тимови држеа говори. Потоа, во 1934 година започна со работа Зелениот театар на отворено, кој можеше да прими 20000 луѓе.

Есен во паркот

Во него се одржувани музички, театарски и циркуски претстави.

5. Го носи името на познат советски писател

Главната алеја во паркот

Во 1932 година паркот го доби името на познатиот советски писател Максим Горки, и тоа додека тој беше жив.

Латиноамерикански танц

Тие години советската власт изгради цел култ на овој писател, така што и во други градови во СССР се појавуваа улици, паркови и плоштади именувани во негова чест.

Дури и целиот град Нижни Новгород додека беше жив писателот го смени името и стана Горки.

6. Тука работеше првата падобранска кула

Во СССР во 1930-тите падобранството стана многу популарно, а во паркот „Горки“ се појави уникатна конструкција – падобранска кула.

Паркот во 1931 година.

Тоа беше прилично популарна атракција. Секој можеше да скокне со падобран или да се спушти по спирален тобоган, седејќи на специјална подлога. Во 1950-тите кулата беше демонтирана од безбедносни причини, иако пред тоа слични конструкции се појавија низ СССР и во други земји.

7. Забавниот парк почна со работа во текот на 1990-тите

Забавниот парк на брегот на реката Москва

Првата генерација деца родени по распадот на Советскиот Сојуз паркот „Горки“ ги асоцираше со шеќерна волна, крофни и, што е најважно, со примамливите атракции.  

Рингишпил

Во советско време овде имаше едноставни рингишпили, за од 1990-тите до почетокот на 2010-тите во паркот да бидат отворени мноштво нови забавни атракции. Тоа беше вистински руски „Дизниленд“.

Атракцијата „Брејкденс“

Во паркот имаше ролеркостер (еден вид воз кој оди по стрмни шини со многу кривини), како и соба на ужас и воден тобоган „Нијагара“. Имаше и летечки автомобили, трамболини, страшни кули со ротирачки кабини, „банџи џампинг“ над езерото и уште многу други нешта. Паркот имаше две панорамски тркала, поголемо и помало.

8. Реконструиран е во текот на 2010-тите

Превоз на макета на вселенскиот брод „Буран“ до ВДНХ

До почетокот на 2000-тите повеќето забавни атракции беа отстранети, советските павилјони беа запуштени, а самиот парк претставуваше прилично тажна глетка. Од мај 2011 година започнува обемна реконструкција на паркот, по што стана најпопуларното модерно дизајнирано катче во главниот град.

Видиковец со столбови во Паркот „Горки“

Сега паркот има прекрасно дизајнирани пејзажи, велосипедски патеки, спортски терени, нови кафулиња, простор за коворкинг и бесплатен Wi-Fi.

9. Најважното московско лизгалиште

Во советско време, патеките во паркот беа покривани со мраз за да може да се лизга на лизгалки. А во 2011 година беше опремено тогаш најголемото вештачко лизгалиште во Европа. За прв пат можеше да се ужива во лизгање без да се чека температурата да падне под нулата и сезоната траеше до средината на март.

Модерно лизгалиште денес

Вкупната површина на сите патеки и ледената покривка на нив изнесуваше 15000 квадратни метри. Музика, шатори со чај и варено вино, топли соблекувални и изнајмување лизгалки - сето тоа беше во рамките на лизгалиштето и достапно за секого.

10. Музејот на современата уметност „Гаража“

Во 2012 година во Паркот „Горки“ се пресели Музејот на современа уметност „Гаража“, една од најмодерните и највлијателните културни институции. Основан е во 2008 година од Дарја Жукова и Роман Абрамович. Во многу аспекти тој сега е одговорен за „културната рекреација“ на московјаните во паркот. Музејот организира разновидна изложбена програма, како и програма на предавања на различни теми.

Се наоѓа во поранешната ресторанска зграда „Годишни времиња“ (руски: „Времена года“), изградена во 1968 година. За потребите на музејот го реконструираше познатиот холандски архитект Рем Колхас со неговото биро ОМА. Поточно, Кулхас ја претвори руинираната советска зграда во модерен музеј, со тоа што успешно ги вклопи внимателно сочуваните детали од старата зграда во новиот дизајн. Една од карактеристиките на новиот музеј е делумно зачуваниот уникатен мозаик од советската ера.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња