ГУМ, Црвениот плоштад
Максим Чурусов/TASSМосква на големо тргна во пресрет на Новата година. Традиционалното празнично осветлување со кое руската престолнина редовно се украсува во овој период од годината ја прави Москва да изгледа исклучително свечено и пријатно во зимските денови.
Најраскошните гирланди и новогодишни елки се наоѓаат околу централните метро-станици, пешачките улици и местата каде се одржува фестивалот „Патување во Божик“, популарна манифестација во руската престолнина за време на новогодишните празници.
Да почнеме од Црвениот плоштад. Веднаш до ГУМ е отворен омилениот празничен панаѓур на московјаните и гостите на руската престолнина. Кочии, киосци со слатки (зимата не може да помине без нив), сувенири и, секако, лизгалиштето.
И внатрешноста на ГУМ е во празнично руво, исполнета со џиновски лампиони и играчки во вид на птици и зимски бобинки.
Централната новогодишна елка во земјата е донесена од шума во близина на Москва. Висока е 25 метри и е поставена на Соборниот плоштадот во Кремљ. Оваа шумска убавица се китеше цела недела.
Пред познатиот театар „Бољшој“ вниманието го пленат бајковитите витки и сплетови на светлечките сводови. Наместо големи конструкции, на Манежниот плоштад годинава има елегантни осветлени столбови.
На булеварите, како и претходните години, може да се видат прекрасни осветлени тунели. Невозможно е оваа глетка да не се фотографира.
Во Москва се инсталирани повеќе од 4,9 илјади светлосни енергетски штедливи конструкции. Наменети се за повеќекратна употреба, а стручњаците кои секоја година прават различни композиции го заслужуваат секое признание.
Покрај тоа, во градот се поставени повеќе од илјада новогодишни елки, природни или вештачки. Една од најнеобичните се наоѓа на Северната речна железничка станица. Накитена е со цитати од книжевни дела.
Годинава особено се издвојува ВДНХ, каде се одржува изложбата „Русија“ на која учествуваат сите региони во државата и најголемите претпријатија. Новогодишната елка од Тулската област е украсена со надалеку познатите тулски медени колачиња и самовари. А новогодишна елка од Приморскиот крај е со школки и слики од Владивосток. Вкупно 90 новогодишни елки - цела шума.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче