- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Накратко за Саров
Саров се наоѓа во Нижегородската област, 370 километри источно од Москва. Има помалку од 100000 жители и тој број е строго ограничен. Саров веќе долги години е затворен град во кој ни жителите од оваа област не можат така лесно да влезат.
Метцгер Павел/Public Domain
Саров бил основан на реката Саровка во 1706 година, но веднаш не станал затворен град. До револуцијата од 1917 година тоа било село кое аџиите со задоволство го посетувале кога доаѓале во познатиот манастир на преподобен Серафим Саровски.
Јагељски А. К./Public Domain
По Втората светска војна, малата населба во непроодна недојдија го привлече вниманието на Комунистичката партија. Партискиот врв сметаше дека селото опкружено со мочуришта претставува идеално место за тајни објекти. Клучните објекти за истражување и развој на нуклеарно и термонуклеарно вооружување (најважниот се викаше КБ-11) беа преместени во Саров во 1946 година. Овде се правеа полнења за авиобомби, крстосувачки ракети, торпеда и интерконтинентални балистички ракети, а населбата ја доби ознаката „строго доверливо“.
Грибов М. И./Public Domain
Покрај тоа што беше затворен за обичните луѓе, Саров беше отстранет и од советските географски карти и исклучен од сите регистри на административна територијална поделба. Таму сè уште живеат работниците на тајните претпријатија и нивните роднини. Во градот може да се влезе само со специјална дозвола од властите или на покана на роднини кои живеат таму. Не е дозволен влез за туристи, лица со двојно државјанство и судени за тешки кривични дела според Кривичниот законик.
Прочитајте повеќе: 5 факти за затворените градови во СССР и Русија
В. Лукјанов/Музеј „Саровска Успенска пустина“/Russia in photo
„Жителите на земјите од Заедницата на независни држави не можат ни да се вработат во Саров. Во другите руски градови тие работат нискоквалификувани и слабо платени работи, а во Саров тој вид работа го вршат жителите на поблиските населби. Секој ден, почнувајќи од 6:00 часот, на работа во Саров пристигнуваат околу 4000 луѓе, кои мора да го напуштат градот до 22 часот, во спротивно се смета дека го прекршиле режимот“, изјави во интервју за „Комерсант“ Алексеј Голубев, шеф на градската управа.
Дмитриј Донској / Sputnik
Во овој град живееја и работеа творците на првата советска хидрогенска бомба, академиците Андреј Сахаров и Јулиј Харитон, како и академик Јаков Зељдович, чие име и дело во Советскиот Сојуз беа чувани во најголема тајност.
РФЯЦ-ВНИИЭФ/Russia in photo
За време на повоените години и градот и неговите стратешки важни вработени беа толку упорно криени што градот шест пати го менуваше своето име поради тоа.
Нуклеарна долина
По 1946 година, Саров имаше многу шифрирани ознаки. Се викаше „Објект 550“, „База 112“, „Филијала на „Главгорстрој“ во Приволжје“ и „Кремлов“, а во 1954 година, според указот за основање тајни населби, го доби официјалното име Кремлов.
Николај Мошков / TASS
Меѓутоа, по шест години, неговото име повторно беше сменето, овој пат во „Арзамас-75“. За затворените градови во Русија беа карактеристични имиња со нумеричка ознака, со тоа што цифрите не значеа ништо (тоа не беше 75-тиот Арзамас по ред).
Николај Мошков / TASS
Но, конкретно во овој случај, бројчаната ознака можеше да го открие тајниот град, па неговото име наиде на многу критики од властите. А се работи за тоа дека Арзамас беше обичен град кој не беше затворен и навистина постоеше - се наоѓаше на 75 километри од Саров. Се тврдеше дека оваа коинциденција е сосем случајна, но сепак, за секој случај, беше одлучено повторно да се смени името.
Повторно по шест години (1966) градот го доби името „Арзамас-16“ и така се викаше сé до 1994 година.
Николај Мошков / TASS
По распадот на СССР, во 1994 година на градот му беше вратено името Кремљов, кое го носеше само една година. Следната, 1995 година, повторно стана Саров и го носи тоа историско име и денес.