- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Ермитаж
Ова е музејот број еден не само на нашата листа, туку и во цела Русија. Во главниот музејски комплекс се изложени платна на европските мајстори, грчки и римски статуи, египетски саркофази, индиски артефакти, отомански сабји, јапонски маски, барелјефи од Месопотамија и многу други уметнички блага од различни земји и епохи. А во Зградата на Главното седиште, посетителите можат да видат дела од XIX и XX век, како и современи уметнички остварувања.
Главните објекти на Ермитаж се концентрирани околу Дворцовиот плоштад Палас. Најпрепознатливата зграда е Зимскиот дворец, поранешната резиденција на царското семејство Романови. Туристи од целиот свет доаѓаат да ги посетат неговите раскошни одаи.
Овдепишувавме за тоа какоНЕ треба да планирате посета на Ермитаж
Руски музеј
Најголемиот музеј на руската ликовна уметност во Русија и прв од ваков вид во светот вклучува шест дворци, Летната и Михајловската градина. Најголемите ремек-дела се чуваат во Михајловскиот дворец. Тука се наоѓаат збирка на стари руски икони од ХII-XVII век, слики од XVIII-XIX век и предмети на народното творештво од XVII-XXI век. Во блискиот објект Бенуа се изложени дела од XIX и ХХ век.
Основата на фондот на музејот ја сочинува личната колекција на царот Александар III, додека музејот го отвори неговиот син Николај II.
Подетално за историјата на музејот прочитајте овде
Петропавловска тврдина
Петропавловската тврдина на Зајачкиот остров е позната по тоа што со неа започнала изградбата на Петербург. Покрај тоа, тука се наоѓаше главниот политички затвор во земјата – Трубецкиот бастион, како и Петропавловската црква со гробницата на руските императори. Денес во музејскиот комплекс се изложени 11 различни поставки.
На островот речиси три века работи Ковачницата на пари (Монетни двор) каде што порано се ковале не само рубли, туку извесно време и холандски дукати и турски пјастри.
На камбанаријата на Петропавловската црква има кариљон и секоја недела на територијата на тврдината можете да слушнете концерт на овој инструмент со камбаните. А секој ден на пладне од Наришкиниот бастион се испукува традиционален пладневен топовски истрел.
Повеќе за Петропавловската тврдина прочитајте овде
Кунсткамера
Овој музеј, основан со указ на Петар I, е најстариот во Русија. Неговата основа се состои од личната колекција на раритети кои императорот ги набавил во Европа: ембриони и новороденчиња со аномалии зачувани во формалин, скелети на животни и птици, минерали, хербариуми, технички пронајдоци, книги, антички предмети.
По желба на царот, колекцијата била отворена за сите заинтересирани за да се прошири образованието во земјата. Покрај тоа, Кунсткамера стана јадро на научната и материјалната база на Руската академија на науките.
Покрај раритетите на Петар, денес во музејот може да се види обемна колекција на предмети од секојдневието, облека и транспортни средства на домородните народи од Северна и Латинска Америка, како и од Блискиот и Средниот Исток, многу земји од Азија и Африка.
Повеќе за Кунсткамера до знајте овде
Зоолошки музеј на Руската академија на науките
Зоолошкиот Музеј е основан во 1832 година. Првично неговиот фонд се состоел од збирки на Кабинетот за природни науки на Кунсткамера, а подоцна тие беа дополнети со примероци донесени од експедиции на руските истражувачи ширум светот.
Денес овде се изложени примероци на инсекти, препарирани примероци и скелети од риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи. Тука се чува еден од најголемите на светот скелети на син кит долг 27 метри, како и скелети од мамути и реконструкции на изумрени животни. Можете да ги посетите самостојно или како дел од екскурзија со водич (музејот нуди седум тури на различни теми).
Воено-историски музеј на артилеријата, инженеријата и силите за врска
Овој музеј може да се препознае од далеку по неговата голема колекција артилериски орудија (околу 250 парчиња) во внатрешниот двор. Потекнува од Петровиот „Цајхаус“ (складиште за оружје) за складирање на стари артилериски орудија, кои порано се наоѓале на територијата на Петропавловската тврдина. За година на основање на музејот се смета 1703 година.
Овде можете да видите руско артилериско вооружување, стрелечко и ладно оружје, техника, средства за врска, знамиња, униформи и одликувања од различни векови, макети и археолошки наоди на оружје кои датираат од X век и подоцна.
Исто така, во музејот се чува една од најголемите збирки на оружје од Западна Европа од XV-XVII век. Посебна сала е посветена на познатиот конструктор на оружје Михаил Калашников. Многу музејски модели на оружје, првенствено експериментални, се направени и зачувани во еден примерок. Така, може да се види и првиот примерок на автоматската пушка „Калашникв“ АК-47.
Централен музеј на Воената морнарица
Историјата на еден од најстарите музеи во земјата започнува од Санктпетербушката модел-камера – Петровото складиште на бродски модели и проекти. Се наоѓала во главниот Адмиралитет, каде што се граделе бродовите на Балтичката флота.
Денес во фондовите на музејот се чуваат над две илјади модели на бродови, како и бродска техника, студено и огнено оружје, уметнички дела, ордени, значки, знамиња и униформи. Експонатите му даваат на посетителот увид во воената историја на Русија, развојот на нејзината морнарица и експедициите.
Патем, покрај централното здание, музејот вклучува и седум други згради низ целата земја: во Петербург, Кронштат, на езерото Ладога, во Новоросијск, Балтијск и Севастопол. Меѓу нив е и познатиот крстосувач „Аврора“. Истрел од „Аурора“ беше сигнал за почеток на јуришот на Зимскиот дворец и затоа таа се смета за симбол на болшевичката револуција. Денес е можно да се посети крстосувачот во рамките на организирана екскурзија.