Ојмјакон
Вадим Скрјабин/TASS1. Температурата во Русија во различни периоди од годината се движи во дијапазон од -67 до +45 степени Целзиусови!
За титулата најстудено место на светот се натпреваруваат две руски населби: селото Ојмјакон и градот Верхојанск. Во двете места е забележана најниска температура на воздухот од -67 степени, но не во иста година. И Ојмјакон и Верхојанск се наоѓаат во Јакутија, во субарктичкиот климатски појас.
Овде дознајте како изгледа животот во најстудениот регион на Русија!
2. Најголемиот град на светот кој се наоѓа зад Северниот поларен круг е Мурманск. Во него живеат повеќе од 270.000 луѓе. Тука се наоѓа едно од најголемите пристаништа во земјата.
3. Најсеверниот град на светот со над милион жители е исто така во Русија. Тоа е Санкт Петербург. На иста географска ширина се јужниот брег на Алјаска и градовите Осло и Стокхолм - главните градови на Норвешка и Шведска.
Подетално за градовите со иста географска ширина!
4. Специфичен е и Сочи, кој се наоѓа во суптропскиот појас. Тоа е град со најголемото количество врнежи во Русија.
Сочи
Legion MediaВо овој град во 2014 година се одржаа Зимските олимписки игри!
5. Апсолутната максимална температура на воздухот во Русија е забележана во Калмикија на 12 јули 2010 година во метеоролошката станица Ута. Тој ден живата во термометарот се искачи на +45,4°.
Елиста, Калмикија
Legion MediaКалмикија е единствениот будистички регион во Европа!
6. Површинските води заземаат околу 12,4% од површината на Русија. Најдлабокиот слатководен резервоар во светот е Бајкалското Езеро. Се наоѓа во Иркутската област. Ова езеро содржи една петтина од сите резерви на пресна вода на нашата планета. Длабочината на езерото е 1.642 метри, што одговара на висината на двата облакодери „Бурџ Калифа“ поставени еден врз друг (тоа е највисоката зграда во светот висока 828 метри).
Бајкалско Езеро
Legion MediaПостои легенда дека на дното на Бајкалот се наоѓа златото на Руската империја!
7. Недалеку од Бајкалот се наоѓа Братската акумулација, која е втора по запремнина во светот со 169300 милиони кубни метри вода. Таа е направена на Ангара, единствената река што истекува од Бајкалското Езеро. Братската акумулација е наполнета во 1967 година, а нејзината површина се наоѓа на 400 m надморска височина.
8. Најголемото мочуриште на светот е Васјуганското. Се наоѓа на територијата на четири региони: најголем дел во Томската област, но исто така и во Новосибирската и Омската област и Ханти-Мансијскиот автономен округ. Неговата површина изнесува 53000 квадратни километри, што е повеќе од површината на Босна и Херцеговина или Костарика.
Подетално за уникатното Васјуганско мочуриште!
9. Руските брегови ги заплиснуваат 12 мориња кои се наоѓаат во три океани, и едно затворено море. Тоа е Каспиското Море, кое всушност е најголемото езеро на планетата без природен истек.
Република Дагестан. Махачкала. Касписко Море.
Сергеј Савостјанов/TASSВо Каспиското Море живее моруната, најкрупната риба на светот!
10. Најдолгата река во Русија е Лена. Долга е 4400 километри. Сливот на реката Лена се наоѓа на територијата на источен Сибир и не излегува надвор од границите на Русија. А Волга, најголемата река во Европа со должина од 3500 километри, е на третото место по должина во Русија.
Ленски столбови
Legion MediaНајпознатата знаменитост на Лена се Ленските столбови!
11. Планините заземаат околу 30% од територијата на Русија. Елбрус е највисокиот врв во Русија и Европа. Овој стратовулкан (за среќа, неактивен) е дел од планинскиот венец Голем Кавказ. Има два врва со висина од 5642 и 5621 метри.
Елбрус
Legion MediaСе смета дека искачувањето на оваа планина е лесно, но тој впечаток мами. Еве зошто!
12. Најдолгиот планински венец во Русија е планинскиот масив на Урал. Ја сече територијата на земјата од север кон југ и е долг 2000 километри. Уралскиот планински синџир е природната граница меѓу Европа и Азија. Околу три четвртини од територијата на Русија се наоѓа во Азија.
13. Титулата „најстара на светот“ ѝ припаѓа на малата планина Карандаш на Јужниот Урал во Чељабинската област. Висока е само 610 метри, но затоа според експертите има 4,2 милијарди години (додека староста на Земјата се проценува на 4,75 милијарди години). Карандаш се состои од израндит. Се верува дека тоа се остатоци од суперконтинент кој постоел пред 2 милијарди години. Затоа Уралските планини спаѓаат меѓу најстарите на планетата.
14. Највисокиот активен вулкан во Евроазија е Кључевскаја Сопка. Се наоѓа на Далечниот Исток, на полуостровот Камчатка. Висок е 4850 метри и е еден од најактивните вулкани во светот.
Вулканот Кључевскаја Сопка
Legion MediaДесетте најубави вулкани на Русија!
15. Кимберлитната јама „Удачни“ е четвртиот најдлабок рудник во светот. Ова е најголемото наоѓалиште на дијаманти во земјата по суровините и големината на рудното тело. Неговата проектна длабочина е 640 метри.
Кимберлитната јама „Удачни“
Stapanov Alexander (CC BY-SA 3.0)
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче