Сочи по Олимпијадата: спортски туристички рај

Сергеј Фадејчев / ТАСС
Сочи по Зимските олимписки игри, кои беа одржани во 2014 година, стана спортски град, благодарение на современата олимписка инфраструктура и на пријатната клима. Многу жители на Сочи го следат новиот тренд: ги посетуваат спортските објекти и рекреативно се занимаваат со трчање, со брзо одење и со скијање. По завршувањето на Олимписките игри спортскиот туризам во Сочи и во околината е сѐ поразвиен.

Секако, ретко кој ќе се дрзне да плива кога температурата на морето ќе се спушти под 12 степени. Затоа голем број хотели и одморалишта имаат топли базени со морска и со слатка вода. Еднодневна или повеќедневна влезница за базен може да се купи дури и во помалите хотели.


Валериј Матицин / ТАСС

Сочи е опкружен со планини, но во градот, сепак, има многу патеки што се погодни за трчање. Едно од омилените места на жителите на Сочи е широкиот кеј на реката Сочи, кој започнува од централниот градски пазар и се протега сѐ до морскиот брег. Многумина со задоволство трчаат по брегот во центарот на градот или по олимпискиот булевар, кој е долг пет километри, а кој се наоѓа на Имеретинската долина.

Извор: Alamy / Legion-Media.Извор: Alamy / Legion-Media.

Во парковите и на градските плоштади се поставени тренажери за вежбање. На пример, во Фринзенскиот парк во пријатна ладовина од дрвјата може да го гледате морето додека вежбате.

Идеално место за сите љубители на брзото одење е Патеката на здравјето, која минува низ ридестиот и шумски дел од градот.

Доколку сакате да го зајакнете своето здравје и да одржите кондиција за време на летото, изберете некоја од пешачко-планинарските патеки во Краснаја Пољана, во бањските одморалишта Роза Хутор, Лаура Гаспром или во Горки град. Пешачките патеки се протегаат по падините на планините Псехако и Аибга. Можете да уживате во погледот од некој видиковец или да се одморите на клупите покрај патеките. Најдолгата пешачка патека има пет километри и е погодна за трчање во текот на целата година. Се наоѓа во Хостинската населба и се протега покрај морскиот брег, од централниот градски стадион до бањата Мацеста.

Извор: Сергеј Фадејчев / ТАССИзвор: Сергеј Фадејчев / ТАСС

Покрај реката Сочи направени се велосипедски патеки, од трговскиот центар Море Мол до морскиот брег, а исто така и на Навагинската улица и на Имеретинскиот кеј. Од година в година во градот има сѐ поголем број места каде што можат да се изнајмат велосипеди. Најмногу ги има во Олимпискиот парк, што во голема мера ја олеснува и ја забрзува обиколката на спортските знаменитости на Сочи. Во Краснаја Пољана постојат посебни маршрути за возење планински велосипеди, а велосипедските патеки се на надморска височина поголема од 1.000 метри. Тука сите љубители на велосипедизмот ќе си најдат траса што им одговара, како рекреативците така и професионалните монтбајкери.

Извор: Михаил Мокрушин / РИА НовостиИзвор: Михаил Мокрушин / РИА Новости

Налето во Сочи, рано наутро и навечер, можете да вежбате јога во природа, на специјални подиуми во паркот Ривиера, на истоимената плажа, како и во планинскиот дел на градот, во Краснаја Пољана, далеку од градската врева. Во спортско-туристичкиот комплекс Грнаја Карусељ, во тишината на шумата, поставен е посебен шатор за јога.

Кога времето е убаво, во Краснаја Пољана можете да се занимавате со нордиско одење. Во зимскиот центар и во одморалиштето Роза Хутор инструкторите на шумските патеки ќе ве научат на основите на нордиското одење, кое во Русија станува сѐ попопуларно.

Туристите во Сочи можат да се занимаваат со коњички спорт доколку отидат во некоја од школите за јавање, кои работат преку целата година, како што се, на пример, „Кентаур“ во бањата Мацести или во школата „Добежини“ во Хост.

Во Дагомис, населба во близината на Сочи, се наоѓа клуб за миниголф и терен со осумнаесет патеки. Теренот за миниголф е направен во Олимпискиот парк, наспроти ледениот дворец Ајсберг, каде што се наоѓа и теренот за одбојка, за мал фудбал и за кошарка, а од неодамна тука е отворен и скејт-парк.

Извор: Јуриј Самолиго / ТАССИзвор: Јуриј Самолиго / ТАСС

Доколку сакате автомобилски трки, задолжително посетете го автодромот на кој во 2014 година за првпат во Русија беше одржана етапа од Гран-прито на „Формула 1“. Во таканареченото „тркачко такси“ професионални возачи на „Формула 1“ на совозачкото место ќе ве возат со автомобили Mazda MX5 Aori, Lamborghini Gallardo и Ferrari F430, чиј мотор V8 има 510 коњски сили.

Сочи е родно место на познатите руски тенисери Евгениј Кафељников и на Елена Веснина, која како шестгодишно девојче започнала да тренира тенис на терените во паркот Ривиера. Овие терени сега се отворени за сите љубители на тенисот. Тениски терени има и на улицата Чајковски и на Виноградната улица, во Дагомис, во Адлер и во многу одморалишта.

Извор: Михаил Мокрушин / РИА НовостиИзвор: Михаил Мокрушин / РИА Новости

Доколку сакате да доживеете несекојдневна авантура, во текот на летната сезона посетете ја Краснаја Пољана, каде што во парковите меѓу високите стебла се распнати јажиња и други препреки по кои можете да се качувате или дури да прелетате од едно на друго место по жица. Ви го препорачуваме Панда парк во одморалиштето Роза Хутор.

Владимир Смирнов / ТАССВладимир Смирнов / ТАСС

Во Сочи во текот на целата година можете да лизгате на олимпискиот стадион Ајсберг. Лизгалиштето на кое тренираа врвните руски лизгачи Евгениј Пљушченко, Максим Трањков, Татјана Волсожар и Јулија Липницкаја, сега веќе е отворен за сите граѓани на Сочи и за бројните туристи.

Во Ски-паркот во Сочи љубителите на адреналин можат да се искачуваат по големата вештачка карпа или да ги тестираат своите нерви во скокање со банџи. Во Дагомис и на планината Ахун има терени за пејнтбол, а реките Мзимта и Шахе налето нудат одлични можности за рафтинг. Во Сочи во текот на целата години има обуки за алпинизам и за параглајдерство. Секој од овие спортови може да стане дел од вашиот одмор во овој, сега веќе прочуен, руски олимписки град.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња