- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Кроноцкиот резерват на природата на југот на Камчатка е омилено место за дружељубивите мечки. Белите карпи под називот Кутхини Бати се една од атракциите на овој крај.
Карпите се оддалечени околу четири километри од Курилското езеро. Огромни формации од шуплива пемза се наоѓаат на неверојатно живописно место.
Тие се високи до 110 метри, а секоја е широка од 12 до 30 метри. Нивната боја се движи од бела до окер, а самите карпи буквално ви се дробат в раце. Но, од каде потекнува оваа пемза?
Камчатка е крај со бројни активни и згаснати вулкани. Пред илјадници години овде се случувале ерупции, а пејзажот изгледал сосема поинаку.
Пемзата е изразено меуреста карпа формирана со стврднување на лава која во себе задржала меурчиња гас. Векови подоцна, земјата го покрика ова место, тука израснале шуми, а ветровите почнале да ја обликуваат меката карпа, давајќи ѝ величествени форми.
Геолозите проценуваат дека овие карпи почнале да се формираат пред околу 8.000 години, додека во нивната сегашна форма постојат најмалку 5.000 години.
Освен природното објаснување за нивниот настанок, постои и легенда за тоа. Овие региони се населени со Ителмени, народ сроден со Индијанците во Америка и името Кутхини Бати потекнува од нив.
Кутх е клучен лик во тамошните бајки. Работел на создавањето на светот, додека во слободното време сакал да лови риби на брегот на Курилското езеро, полно со риби. Секој пат по риболовот го вадел својот чамец на брегот да се суши, но кога ќе се врател, поминувало толку многу време (Кутх бил многу зафатен) што чамецот се претворал во камен, па морал да направи нов.
Оваа легенда во XVIII век ја запишал истражувачот на Камчатка Степан Крашениников, еден од првите посетители кои го опишале ова место. Гледано од височина, овие остри карпи навистина потсетуваат на чамци наредени во низа. Бати е назив за камчатските чамци.
Ако сакате да ги видите Кутхини Бати со свои очи, ќе мора да одите на повеќедневно планинарење со група ентузијасти, бидејќи во тие области нема сообраќај.