„Назима рибарите стануваат рано, во мрак, одат на морето со моторни санки и работат до вечер“, вели претседателот на рибарскиот колхоз „Зарја Севера“ (Зора на Северот) Иван Егоров на патот за Колежма, старо село на рускиот народ Помори на брегот на Белото море. „И така секој ден, од декември до март“.
Токму во тој период е сезоната за лов на рибата снеток околу која се врти животот на ова подрачје. Работата е тешка, а мразовите и ветрот во оваа доба од годината воопшто не се наивни. Се случува температурата да падне и до 30 или 40 степени под нулата, а имајќи ја предвид локалната влажност тоа значи и огромно студенило.
Рибарите од колзхозот денес речиси да не заминуваат на море со бродови. Назима пловилата замрзнуваат, а рибарите до рибарските замки, тапаните (мрежи на обрачи), стигнуваат на моторни санки. Напролет, кога се ловат харингата и светокот, исто така се лови со помош на плимата и осеката и со бариери од мрежа и гранки, а рибарите дури налето, на своите мали чамци одат далеку во морето до островите за таму да косат алги (од нив се прави ѓубриво и додатоци за исхраната).
Пловидбата на мал чамец во суровото Бело море е застрашувачка, а Поморите со генерации се држат до правилата за однесување на вода.
„На море не смее да се свирка, инаку нема да може да се избегне бура. Ако свиркате ќе започне да дува ветар и ќе се кренат големи бранови“, вели младиот рибар Павел. „И уште не смее да се фрла ѓубре во морето“.
„На море не смее ни да се пцуе, ниту да се пие вотка, за да можете да се вратите дома“, додава Владимир.
Селото Колежма за првоат се споменува во 1548 година, а во минатото имало солана и фабрика за оружје на Соловецкиот манастир. Но, главното занимање на локалното население отсекогаш било риболовот. Со векови тука живееле Поморите. Рибари со генерации, бродоградители и морепловци. Вакви села на Белото море порано имало десетици, а денес можат да се избројат на прсти.
Поголемиот број поморски села денес замира. Се доаѓа главно налето за време на одморите. Нема работа, условите за живот се тешки, па луѓето масовно се селат во градовите. Колежма во овој контекст не ја дели нивната судбина, голем број локални жители работат на колхозот кој постои уште од 1930 година. „Нашиот колхоз произведува од сто до сто и десет тони риба снеток во зимската сезона, а тоа е половина од вкупното производство во регионот, вели претседателот. Олку високите показатели се објаснуваат со погодната дестинација на селото, рибата ја сака плитката вода во морето.
Авторот на текстот Ана Сорокина со претседателот на рибарскиот колхоз „Зарја Севера“ Иван Егоров
Павел Кузмичов„Еден тапан се става на водата која надоаѓа, а друг на водата која се повлекува, водата во морето надоаѓа и се повлекува, а рибата останува во рибарските замки“, вели Кочин.
Еве како изгледа традиционален зимски риболов на Бело море.
Сега е есен, време кога рибарите се подготвуваат за сезоната, ги прегледуваат рибарските замки, ако некаде има дупки ги поправаат, ги проверуваат камените тегови. Замките ги подготвуваат исклучиво во сабота со оглед на тоа што постои верување дека тоа е „среќен ден“. Ако изберете некој друг ден, ништо од риболовот, велат мештаните.
Додека одиш по селото, ти се чини дека сите куќи се како од слика и дека можат да одат веднаш во музеј на северната архитектура.
Секако, има и напуштени, но исто така дрвени, импозантни, на кат и со балкони, застаклени гостински соби.
А, покрај многу од нив се наоѓаат карбаси, традиционалните чамци на Поморите. „Во советско време дрвен чамец имаше секој, плус еден голем за рибарите, додека во деведесеттите години од минатиот век повеќе немаше мајстори“, вели Сергеј Љохкиј „кој потекнува од рибарско семејство, мајстор за изработка на чамци на кој му нема рамен“, како што го претстави претседателот.
Сергеј речиси сиот свој живот работел во Петрозаводск во бордоградилиште, а по распадот на СССР со братот Василиј решиле да ја обноват изградбата на чамци во Колежма со стара технологија на спојување штици која потсетува на шиење. „Чамецот излегува како излиен“, вели тој.
Не се знае колку чамци имаат направено браќата. Во колхозот сега се користат пластични, исто така од локално производство, од Петрозаводск. Тие се поевтини и помалку бараат одошто дрвените, но чамците на браќата Љохкиј се познати ширум Русија. Најчесто се купуваат за туристички излети. Така што, ако некогаш сте се возеле во таков чамец, голема веројатност дека бил направен од вештите раце на мајстор Помор.
Многумина жители на Колежма во тешките деведесетти години од минатиот век не го напуштиле селото, со оглед на тоа што животот почнал да се воспоставува.
Во селото денес официјално живеат 130 лица. Меѓутоа, назима остануваат најмногу половина. Многумина заминуваат во град, иако во колхозите платите се трикратно повисоки одошто во Беломорск. Проблем претставува недостигот од инфраструктура, што на семејствата со деца им го компликува животот. „Тука нема ниту училиште, ниту детска градинка, само Интернет во Сумски Посад“, вели рибарот Александар. Тој е во колхозот веќе 12 години, но сѐ уште не е оженет.
А, најстарата жителка на Колежма никогаш го нема напуштено селото и станала нешто како локална знаменитост.
Августа Михајловна, баба Гусја
Павел КузмичовАвгуста Михајловна, која нагалено сите ја викаат баба Гусја, родена е во 1928 година и речиси сиот свој живот го посветила на колхозот. Работела во пошта, во јасли, пакувала сено во стогови и работела како готвачка на брод во Баренцово море. „Имаше многу авантури. Во Териберка, не знам во која насока точно одевме, маглата се пушти далеку на морето, а моторот се расипа. Излегов на палубата да видам што се случува и сфатив, капетанот, Иван Васиљевич одвај го одржува бродот на море. За среќа, патничкиот брод кој минуваше покрај нас ги слушна повиците за помош, нѐ закачи со помош на сајла и нѐ спаси“.
Баба Гусја добро се сеќава и на времето кога како дете одела во старата црква пред храмот да стане Дом на културата. Се сеќава и на Големата татковинска војна, кога во Колежма беа евакуирани децата подалеку од линијата на фронтот. Се сеќава и на многу татковци и дедовци на денешните рибари со кои некогаш работела.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче