- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Предградието на селото Чемал во Алтајските планини е многу популарна туристичка дестинација. Луѓето доаѓаат од целата земја да талкаат по планините, да ловат риба во студените сибирски реки и исто така - да го посетат ова свето место.
Малиот остров Патмос се наоѓа на периферијата на Чемал среде реката Катун. Со „копното“ е поврзан со висечки пешачки мост.
Секој може да го посети овој остров ако не се плаши од височини. Мостот се издига 15 метри над реката и се ниша на ветер!
Патмос навистина го добил името по грчкиот остров Патмос, каде што живеел и се молел светиот апостол Јован Богослов. Според легендата, тој имал визија на два храма кои лебдат над земјата на спротивните страни на светот. Еден од најголемите манастири „Св. Јован Богослов“ се наоѓа на грчкиот остров и е основан во 1088 година.
Во меѓувреме, Алтајски Патмос бил осветен во 1855 година, а во 1915 година таму била преместена од Чемал дрвената црква „Св. Јован Богослов“ (изградена во 1849 година).
Меѓутоа, сето тоа не траело долго. Црквата била уништена од болшевиците за време на „борбата против религиозноста“ во 1920-тите. Дури во 2000 година била обновена новата црква „Св. Јован Богослов“ и тоа врз основа на стари слики.
„Многу убава природа, карпите се величествени, самата река изгледа толку мирна, но толку моќна, а кога облаците се рефлектираат во водата - едноставно заборавате на времето... Прекрасен остров и можете само да сонувате некогаш да отидете таму“, пишува туристката Олга Артјухова.
„Дефинитивно треба да го посетите ова место доколку сте на Алтајските планини “, додава Галина Снегирева. Прекрасен поглед и интересно искуство на одење по висечкиот мост. Мостот е отворен до 19 часот, потоа се затвора, но можете да отидете до видиковецот и да уживате во тишината, што не можете да го направите во текот на денот, бидејќи има многу гужва во текот на целата сезона“.
Покрај дрвениот храм, на островот можете да најдете и слика на Богородица врежана во карпа.
Како што споменавме погоре, лете на Алтај има многу туристи кои често чекаат во редици за да поминат по овој мост. На крајот на краиштата, секој сака да направи спектакуларна фотографија!