„Просци“, 1882, Николај Пимоненко
Краснодарски регионален уметнички музеј „Ф. А. Коваленко“/Public domainВсушност и не е црвен. На руски се нарекува „красный угол“, исто како што Црвениот плоштад се нарекува „Красная площадь“. Зборот „красный“ на руски денес значи „црвен“, но во двата случаи се користи со значење „убав, красен“. Тој агол секогаш беше најчистото и најубаво украсено место во избата и во него имаше куќен иконостас.
Една од најстарите жители на селото Мишљанка во Новосибирската област Ана Лебедева во својата куќа.
Александар Крјажев/Sputnik„Красниот агол“ се појавил во руските селски куќи со примањето на христијанството. Русија го прими христијанството летото 988 година, и тоа е официјалниот датум на покрстувањето на рускиот народ, а прифаќањето на христијанството, се разбира, е процес кој траел со години. Во секој случај, пред примањето на христијанството, уште во времето на паганските верувања, свето место во куќата била печката. Откако жителите на Русија станаа христијани, тие најмногу го почитуваат аголот каде што стојат иконите. Во руските куќи иконите најчесто стојат во аголот, а не на средината на ѕидот. Тоа е всушност цел мал иконостас на кој иконите се распоредени по одредена хиерархија, според примерот на иконостасите во храмовите.
„Светиот агол во колибата“, 1869, Василиј Максимов.
Државен руски музеј/Public domainДва фактори влијаеле на изборот на црвениот агол. Еден бил страната на светот, а другиот положбата на печката, која и понатаму претставувала важно место во куќата. Црвениот агол отсекогаш бил на јужната, источната или југоисточната страна на просторијата, и никогаш на западната или северната страна, бидејќи тие страни се асоцираат со смрт и нечисти сили. Покрај тоа, тој агол секогаш бил дијаметрално спротивен на аголот каде што стои печката, така што секој, штом ќе влезе, секогаш прво ќе ги здогледа иконите.
„Пред светиот агол“, 1875, Алексеј Корзухин.
Public domainПосебниот однос кон иконите се одразувал во најважните обреди, поврзани со раѓања, свадби и погреби. На пример, кога семејството се збогувало со покојникот, го ставале така што главата да му биде под иконостасот, т.е. во „красниот агол“. Се верувало дека душите на предците присуствуваат на нашата молитва за нив.
На истото место се вршело просењето или „откупувањето“ на невестата. А и кога невестата ќе влезе во својата нова куќа, веднаш ја водат во красниот агол.
Обичај било секој што ќе влезе во куќата, штом ќе го помине прагот, првин да се сврти кон иконите и да се прекрсти, па дури потоа да се поздрави со домаќините. Врз основа на тој обичај настанала руската изрека „Без Бога ни преку прагот“. Со други зборови, најпрво треба да се покаже почит кон Бога, па дури потоа кон домаќинот.
„Болниот маж“, 1881, Василиј Максимов.
Државна Третјаковска галерија/Public Domain„Црвениот агол“ е посебно украсуван за празник. Украсуван е со живо цвеќе, свеќи и крпи. Особено важни биле крпите.
Древната традиција на украсување икони со крпи потекнува од библиското предание за едно чудо што го направил Христос. Едескиот цар Авгар ги испратил своите слуги кај Христа со молба да го излечи. Кога ја слушнал молбата, Христос побарал да му донесат бокал вода и крпа. Откако се измил, си го избришал лицето и тоа се одразило на крпата. Слугите на царот му ја донеле крпата на Авгар и тој оздравел штом ја допрел. Според легендата, оваа светиња стотици години се чувала како реликвија, но исчезнала во средниот век.
Православните Руси ја нарекуваат крпата со која ги украсуваат иконите „рушник“, „божји убрус“ или „божница“. Тоа е долг и тесен убрус украсен на дното со црвен и црн конец. Во работните денови преку иконите се става секојдневен „рушник“, а на празник поубав и посвечен.
Експозиција на соба во куќата на селанецот Зирјанов, во која живеел револуционерот Владимир Илич Ленин во текот на своето прогонство 1897-1898. Село Шушенское.
Јуриј Бармин/TASSДа, некои вернички православни семејства сè уште го почитуваат овој обичај. Се разбира, денес е потешко да се избере „црвен агол“ во согласност со правилата, бидејќи во модерните станови нема печки (но ги има по селата) и распоредот на просториите во станот не секогаш дозволува да се избере аголот според страните на светот.
Сепак, многумина се трудат малиот иконостас да го постават на „најкрасното“ место во станот, каде што се собираат сите членови на семејството и гостите. Најчесто тоа е дневната соба и нејзиниот најисточен агол.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче