Во Јарослављ во 2019 година се појави калиграфски тунел. Имено уметниците Александар Абросимов и Евгениј Фахрутдинов со помош на рускиот „калиграфски вез“ насликаа свод на станбена зграда со стихови по поезијата на Јосиф Бродски. За ова писмо може да се каже дека е руско „од глава до пети“, а овој калиграфски арт-објект, кој сега е најголем во градот, покажува дека тоа одлично се вклопува и во пекорацијата на православните храмови, и во уличната уметност.
Калиграфски тунел
@iamfromfutureПредноста на „калиграфскиот вез“ е во едноставноста на изведувањето, во читливоста (во споредба со посложените типови пишување, како што е брзописот), и во рамнотежа е меѓу неговата информативна и дизајнерска функција.
Скоропис (брзопис), автор Екатерина Волкова
Центар за уметност на калиграфија „Од аз до ижица“Во Стара Русија „калиграфскиот вез“ се користел во почетната фаза на описменувањето зашто токму по него почетниците учеле да читаат, да пишуваат и да сметаат (броевите во тоа време се означувале со зборови), и како прва фаза во учењето на сите останати видови руско пишување, вели Пјотр Чобитко, основач и уметнички раководител на петербуршката школа за калиграфија „Од аз до ижица“.
На странците „калиграфскиот вез“ им помага во изучувањето на руското писмо.
Во калиграфската школа на Пјотр Чобитко имало ученици од Канада, Германија, Полска, Кипар, Финска, Велика Британија, Израел, САД, Латинска Америка и Австралија.
„Еднаш ни дојде група Арапи кои сакаа да се занимаваат со калиграфија. Јас им реков: 'Извинете, но јас не го познавам арапското писмо'. Тие на тоа ми одговорија 'А, нам не ни треба арапско писмо, сакаме да научиме руски калиграфски вез. Вашиот калиграфски вез е нашето куфи' (куфиското писмо е еден од најстарите видови арапско писмо кое настанало кон крајот на 8 век и одиграло голема улога во развојот на целокупната арапска калиграфија).
Автор Елена Клементјева
Архива на Центарот за уметност на калиграфија „Од аз до ижица“„На Исток јасните геометриски форми на знаци имаат структурна основа слична на нашиот калиграфски вез“, вели Пјотр Чобитко. „Освен тоа, меѓу моите ученици имаше и многумина Кинези кои студираа руска калиграфија. Тие се истакнуваа токму во калиграфскиот вез, а потоа го совладаа уставот и полууставот [други видови староруски букви]. Според нив, руската калиграфија има многу сличности со кинеската“.
Полуустав, автор Дарија Џемс-Леви
Центар за уметност на калиграфија „Од аз до ижица“Според него, „вјаз“ е своевидна пропусница во уметноста на калиграфијата како таква. Неговите форми се далеку повпечатливи и затоа толку ги привлекува и децата и возрасните. „Кога човек ќе почне да го разбира вјазот, тој ја открива сета убавина на рускиот јазик“, вели Пјотр Чобитко.
Орнаменталниот „вјаз“ се појавил кон средината на 11 век во Византија, но доживеал процут дури во словенските држави. Работата е во тоа што буквите од грчката азбука не овозможуваат во целосна мера да се оствари потенцијалот на лигатурите со заедничко стебло, а тоа е клучниот елемент на „вјаз“ (споеви и вертикални букви). Кирилицата во тој поглед е неспоредливо поблагодарна, зашто ја има апсорбирано целата грчка азбука и ја има дополнето со „автентични“ букви за означување на гласови што ги имал старословенскиот јазик, а ги немал грчкиот. Според тоа, калиграфот ја доживува кирилицата и „вјазот“ како цела шума стебла и 400-600 лигатури.
Камбанаријата на Иван Велики (Московски кремљ).
Алексеј Мајшев/SputnikКај Јужните Словени првите прецизно датирани примери на користење на калиграфскиот вез се настанати во првата половина на 13 век. Најстар е триумфалниот натпис на царот Јован Асен Втори на мермерниот столб во црквата на Светите четириесет маченици во Трново (Бугарија, 1230 година).
Столбот на Јован Асен II со натпис за победа.
Svik (CC BY-SA 3.0)Во 14 век јужнословенскиот „вјаз“ станал побогат и поинтересен од византискиот. Најпрво можел да се види во повелбите, каде со нив се испишани имињата и титулите на бугарските цареви и на српските кралеви, а подоцна во сите јужнословенски ракописи, истакнува рускиот палеограф Вјачеслав Шчепкин. Со падот на овие држави запрен е и развојот на ова писмо, но во 15 век се појавил романскиот калиграфски вез, заснован на јужнословенскиот. Ваквиот „транзит“ на писмото очигледно се одвивал преку манастирот на Света Гора на Атос.
Во Русија „вјазот“ се појавил кон крајот на 14 век, а во 15 век веќе бил мошне распространет во Новгород, Псков, Твер, Москва и во Троица-Сергиевата лавра која станала центар на руската писменост. Кон крајот на 15 век веќе бил најчестокористениот вид писмо во Русија.
Звенигородската камбана на Савино-Сторожевскиот манастир.
Public domainПодоцна, од 1708 до 1711 година, Петар Велики спровел реформа на руската азбука и го вовел „граѓанскиот “нацрт на буквите, вообличен по примерот на западното латинично писмо. Од тој период „вјазот“ се зачувал главно во круговите на старообредниците кои се спротивставувале на сите новини.
„Апостол“ – првата печатена книга во Стара Русија.
Public domainСѐ до крајот на 19 век вјазот се користел за вообличување на црковните книги, на иконите и на внатрешноста на храмовите. Вистинска револуција во овој поглед е започната со креативното здружение „Светот на уметноста“ (1898-1927), чии членови решиле повторно на пошироката јавност да ѝ го откријат уметничкото значење на старинскиот вид кирилица.
„[Рускиот сликар и илустратор на книги] Иван Билибин започнал да го применува ’вјазот’ во обликувањето книги, реклама и огласи.
И.Ј. Билибин, Плакат „Историска изложба на уметнички предмети во корист на ранетите и гладните“, 1904 година. (фрагмент)
Public domainИ сликарот Михаил Врубељ создава интересни декоративни ефекти добиени со спој на вјаз и елементи својствени на стилот на модерн. И Виктор Васнецов, најпознатиот сликар на мотиви од руските сказни, го користи вјазот за украсување храмови, па дури и во отсликување поштенски марки“, раскажува Пјотр Чобитко.
Руски календар за 1927 година со листови кои се кинат. И. Билибин, 1926 година.
Public domainТој истакнува дека на преминот од 19 кон 20 век вјазот официјално излегол од границите на црковните изданија и започнал да се шири. Се појавил во печатниците, почнал да се користи за обликување книги и во декоративната и во применетата уметност.
Виктор Васнецов. Поштенска марка од проектот за доброволно собирање помош за жртвите од Првата светска војна.
Public domainПјотр Чобитко и неговите ученици придонеле за ренесансата на калиграфијата во Русија во 21 век. Тие во 2008 година Санкт Петербург учествуваа во организацијата на првата изложба на калиграфија.
Пјотр Чобитко. На најголемата изложба на калиграфија што ја организираа Чобитко и неговите ученици учествуваа автори од 56 земји.
Центар за уметност на калиграфија „Од аз до ижица“На подоцнежните изложби во Москва, Новгород, Санкт Петербург и во Талин особено место беше резервирано токму за руското писмо и конкретно за калиграфскиот вез. Така „вјазот“ повторно ја доби својата популарност. Дизајнерите беа инспирирани од декоративноста, орнаментноста, ритамот и структурата на ова писмо, така што сега вјазот се појавува на сите страни, од амбалажа и накит до ентериери на приватни и на јавни објекти.
Вјазот во своите творби почнаа да го користат и уличните сликари и графитисти, искористувајќи ги сите теми инспирирани од западната култура.
Некои од нив, како што е Покрас Лампас, се обидуваат да направат спој на западната готика и на рускиот калиграфски вез. И двата видови писмо подразбираат користење широки четки. Според тоа, денес рускиот вјаз се користи и како своевиден материјал за експериментирање во калиграфијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче