Во Русија изграден уникатен проѕирен мост на 2320 метри надморска височина

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Сочи, на подрачјето на видиковецот „Роза Пик“, направен е првиот руски мост со проѕирни плочи.

Проѕирните плочи на висечкиот мост се направени од монолитен поликарбонат и прицврстени со метални спојки и јажиња, соопшти радио-станицата „Говорит Москва“.

Проѕирниот мост на подрачјето на „Розе Пик“ се разликува од останатите слични конструкции ширум светот пред сé по тоа што е подвижен.  

Мостот е изграден на 2320 метри надморска височина и е долг 32 метри. Наведената радио-станица истакнува дека туристите можат да го преминуваат мостот во секое време од годината, со тоа што ќе мораат да носат сигурносна опрема.