На патот кон Пшешкиот водопад.
kukarta.ruПшешкиот водопад е висок 156 метри и е еден је од највисоките во Русија.
kukarta.ruРеката Руфабго се наоѓа на околу 100 километри североисточно од Сочи.
kukarta.ruТесниот, но богат со вода поток е опкружен со високи карпи и со ретка букова шума.
kukarta.ruШум е првиот водопад на патот кон реката Руфабго.
kukarta.ruНајголема атракција на патувањето претставува водопадот Срцето на Руфабго.
kukarta.ruИсто толку спектакуларен е и водопадот Девичја Коса.
kukarta.ruСеверозападно од реката Руфабго се наоѓаат Гебиуските водопади на реката Тешебс. Кога ќе стасате тука, не пропуштајте да го посетите и 17 метри високиот водопад Шнурок.
kukarta.ruДивата убавина на Чинарскиот водопад можат да ја откријат само најупорните патници, зашто е многу оддалечен од вообичаената туристичка рута.
kukarta.ruВо близина се наоѓа и Универзитетскиот водопад, кој својот назив го има добиено според студентите од Кубањскиот државен универзитет од Краснодар кои биле тука на студентска практика и кои отседнале во блиското село.
kukarta.ruДоколку не сте љубител на напорните пешачки маршрути, не очајувајте, зашто тука постојат дестинации поволни и за вас. Секогаш можете да одите до пристапните водопади на клисурата Мамедово, која е оддалечена само 2 километри од автопатот Краснодар – Сочи.
kukarta.ruПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче